Премиерата на „Патување пеш“ ја воодушеви македонската публика

August 24, 2024
2 mins read

На затворањето на 15-тото издание на „Македокс“, македонската публика имаше привилегија да биде дел од ексклузивната премиера на документарниот филм „Патување пеш“. Долгометражниот филм на македонската режисерка Тамара Котевска, кој веќе освои многубројни признанија на светската сцена, се врати дома за да пренесе силна порака на големото платно во автентичниот амбиент на Куршумли Ан.

Филмот, кој го следи патувањето на Амал – џиновската кукла висока 3,5 метри, симбол на милионите бегалци кои ги напуштаат своите домови во потрага по безбедност, ги допре срцата на македонската публика. Преку приказната за Амал, млада бегалка која патува преку сириската граница во Турција и низ Европа, режисерката Тамара Котевска нè потсетува на кревкоста на детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза.

По премиерата публиката имаше можност да им поставува прашања за филмот и креативниот процес на продуцентите, монтажерот и композиторот. Режисерката за жал не присуствуваше но, од сетот на снимањето на својот нов филм во Сибир, ѝ се обрати на публиката со видео порака.

„Јас лично бев многу интимно мотивирана да го направам овој филм баш поради тоа што потекнувам од земја каде што бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и го сведочиме. И тоа што го видов од овој проект е дека ние не смееме да останеме слепи за овој проблем. Многу ми е мило што овој филм е гласот кој се надевам ќе ја разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидливи, тие постојат насекаде околу нас. Ова е сериозен проблем кој допрва ќе станува проблем на светско ниво, И ние можеме многу да направиме на таа тема, секој од нас посебно “, рече Тамара Котевска во видео-обраќањето.

Следеше концертот на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, чии виртуозни композиции го дополнија филмот со посебна емоција. Концертот имаше уникатен концепт со нарација на дел од бегалските приказни од актерката Верица Недеска, а композиторот го сподели и  својот личен креативен пат во создавањето на музиката за „Патување пеш“. Концертот беше овозможен како резултат на соработката со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, која работи за заштита на бегалците насекаде во светот.

Македонски ко-продуцент на филмот е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм.

„Оваа премиера беше од исклучителна важност за нас како продукција. Видовме како македонската публика реагираше на оваа приказна, и таа реакција е најголемата потврда дека сме успеале да допреме до луѓето. Емоциите, солзите и аплаузите по проекцијата се доказ дека филмот носи силна порака која ја разбуди свеста кај нашите сограѓани за проблемите со кои се соочуваат бегалците низ целиот свет“, изјави Илија Тирицовски,  еден од македонските продуценти.

„Овој филм е наш мал акт на солидарност со бегалците низ целиот свет“, велат од ОХО Продукција.

Премиерата на „Патување пеш“ не беше само уште една проекција, туку вистински културен настан кој ги обедини филмот и музиката во единствено искуство и ја воодушеви публиката.

Филмот „Патување пеш“ веќе го има своето место во историјата на македонската кинематографија, како дел од новиот бран на документарни остварувања кои се фокусираат на човечките приказни и социјалните теми. Котевска, која го освои светот со „Медена земја“, уште еднаш покажа дека има редок талент за раскажување на приказни кои се од глобално значење, но истовремено длабоко лични и емотивни.

„Патување пеш“  ќе игра во кино салите низ Македонија од октомври, а до крајот на оваа година ќе биде дел од светските фестивали во Фолкстоун, Токио, Албервил и Лондон.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавен е постерот за Скопје Џез Фестивал 2024

Следно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, зголемена фреквенција на возила на ГП

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop