Мицкоски ќе ги замоли советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат програмите што ги бара Арсовска, но смета дека тоа нема ништо да смени

August 22, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ќе ги замоли советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите за кои градоначалничката Данела Арсовска тврди дека ги блокираат, но смета дека тоа нема ништо да смени.

– Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замолам советниците кои доаѓаат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш на следната седница да ги изгласаат програмите, но, не е до програмите, ќе видите веднаш, рече Мицкоски на новинарско прашање.

Посочи дека на 29 август ќе има седница и оти ќе направат се што е до нив, за да, како што рече, не биде дека ВМРО-ДПМНЕ кочи.

Арсовска претходно изјави дека на средбата со Мицкоски за состојбите во главниот град и било кажано дека долгот на Владата од осум милиони евра за бесплатниот студентски превоз што го реализира ЈСП Скопје би се исплатил со ребаланост преку повлекување на средства за изградба на нов булевар во Визбегово, но премиерот рече дека„ тоа не е баш така како што било соопштено од градоначалничката.

За барањето за подмирување на долгот се осврна и министерката за образование и наука Весна Јаневска која информираше дека до МОН пристигнале фактури за огромни средства за кои Град Скопје тврди дека Министерството е должно да ги исплати заради бесплатниот превоз на студентите, но, како што вели Јаневска, нема ниту спогодба, ниту основа за тоа.

– Не знам дали градоначалничката планира со други средства да го исплаќа долгот. Точно е тоа дека до МОН пристигнаа фактури за огромни средства за кои Град Скопје тврди дека ние сме должни да ги исплатиме заради бесплатниот превоз на студентите. Ние немаме ниту спогодба со ЈСП, ниту со Град Скопје и како министер немам основа за исплата на тие средства. Доколку не се најде некакво поинакво решение за овие средства ќе мора да одиме на суд. Ниту јас, ниту оваа Влада е таа која ветуваше бесплатен превоз, рече Јаневска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косовската Влада смета дека задржувањето на мерките на ЕУ во сила е бесмислено: Треба веднаш да се укинат

Следно

Иако вети минимална плата од 450 евра, за Мицкоски е чудно што за зголемувањето притискаат од Сојузот на синдикати

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop