Триесет дена притвор за осомничениот за убиството кај ТЦ „Мавровка“

August 21, 2024
1 min read

Триесет дена притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка…вториот осомничен, кој неколку часа по убиството беше приведен е ослободен …Третиот осомничен, по кого трагаше полицијата,  сам се предал и негирал одговорност во убиството …

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерка притвор против Е.К. од Скопје, осомничен за две кривични дела Убиство и Убиство во обид , како и едно кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со огнено оружје, а поврзано со вчерашното убиство на паркингот кај ТЦ Мавровка, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, информираат од Кривичен суд.

Од ОЈО излегоа со детали за случајот…Осомничениот на паркингот позади Трговскиот центар „Мавровка“, со умисла и од користољубие го убил 58 годишниот скопјанец, по што од сопругата на жртвата, одзел торба со лаптоп и избегал со автомобил „ауди“ без регистарски ознаки…Набргу потоа ги пресретнала полиција по што почнала меѓусебна престрелка…

„Вториот осомничен го оставил цитроенот во Гази Баба и се качил во автомобилот „ауди“, по што продолжиле да се движат, но на улицата „Стојна Стефкова“ биле пресретнати од полициски службеници. Додека другото лице управувало, сега осомничениот излегол од совозачка врата и пукал, обидувајќи се да ги лиши од живот полицајците кои сакале да го запрат. Четворицата полициски службеници во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, па го совладале и привеле осомничениот. Другото лице се дало во бегство и по него се трага“, велат од Основно јавно обвинителство.

Од МВР пак велат дека е расчистено убиството.

„СВР Скопје целосно ги расчисти кривичните дела „убиство” и „убиство во обид“, кои беа извршени на 20.08.2024 на паркинг просторот позади трговскиот центар Мавровка, каде што со употреба на огнено оружје беше убиен В.Е.(58) од Скопје и на ул.„Стојна Стефкова“, каде со пиштол беше пукано кон полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје“, , вели Панче Тошковски – Министер за внатрешни.

 

За неполна недела, две престрелки во Скопје. Пред неколку дена, и во населба „Ченто“ имаше вооружен напад кој за среќа мина без смртни последици.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ФОТО: Одбраната на Синер „падна во вода“: Контроверзниот американски новинар го разоткри Италијанецот, објави фотографии кои ја докажуваат измамата

Следно

Грчки танкер нападнат во Црвеното Море, осомничени се Хутите

Latest from Blog

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од

Коњановски ја прими сребрената медалистка Искра Нечаковска по успехот на Европската олимпијада по физика

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за ученичката Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика, што се одржа
Go toTop