Караџиќ ја тужи британската влада: „Не ми дозволуваат да зборувам српски, сакам лаптоп во ќелијата“

August 21, 2024
1 min read

Осудениот воен злосторник Радован Караџиќ (79) ја тужи владата на Обединетото Кралство за нехуман третман затоа што не смеел да внесе лаптоп во ќелијата, пишува „Дејли мејл“.

Караџиќ, кој се наоѓа во затворот „Албани“ на островот Вајт бара 50.000 фунти за кршење на човековите права и тврди дека му е забрането да комуницира на својот мајчин српски јазик.

Неговата ќерка Соња Караџиќ-Јовичевиќ неодамна за медиумите тврдеше дека го држат во нездрави и нецивилизирани услови.

Таа за босанската новинска агенција „Срна“ изјави: „Што се однесува до физичката состојба во која се наоѓа, тоа е неприфатливо. Ако на тоа се додаде фактот дека се наоѓа во зграда полна со канцероген азбест, кој е забранет во светот, јасно е во каква состојба ќе биде внатре“.

На 20 март 2019 година Радован Караџиќ беше осуден на доживотен затвор за геноцид и други злосторства извршени во БиХ помеѓу 1992 и 1995 година. Пред три години тој беше префрлен од Холандија во Британија на издржување на казната.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Следно

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19

Latest from Blog

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/ Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето.

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од
Go toTop