„Инклузива“ ги повика родителите на деца со пречки да се пријават за бесплатни услуги за дефектолог и логопед

August 21, 2024
1 min read

Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ Куманово денеска ги повика родителите на деца со попреченост од Куманово да се пријават за бесплатни услуги за работа за развивање и стекнување на животни, воспитни, социјални и културни вештини преку индивидуална и групна работа.

За таа цел, „Инклузива“ ангажира дефектолози, логопеди кои ќе работат со децата на усвојување на комуникациски, интелектуални, моторни и когнитивни вештини. „Инклузива“ го спроведува проектот со поддршка на општина Куманово, преку сектор за социјална заштита. и се однесува на индивидуална и групна работа со деца со попреченост од пет до дванаесетгодишна возраст.

– Имаме поголем број на активности, во моментот правиме интервјуа со стручни лица и веќе тројца, двајца логопеди и дефектолог ќе бидат ангажирани од први септември. Во проектот предвидена е и набавка на материјали за работа со деца и опрема, но имаме и мал дел од градежните работи односно дворното место да се адаптира според стандардите. Штом ќе биде набавена и поставена опремата ние ќе почнеме да формираме групи за работа согласно потребите на детето, а времето ќе биде во однос на потребите на родителите, значи може да работи и прва и втора смена. Како мајка на возрасен син со попреченост имам предвид дека во некои семејства двајцата родители се вработени и кога ќе имаат слободен термин тие, тогаш ќе доаѓаат овде, изјави претседателката на здружението Благица Димитровска.

Покрај индивидуалната работа со логопед, со специјален едукатор и рехабилитатор, според првичната проценка на детето ќе бидат ангажирани и други стручни лица ако детето има потреба од друг вид поддршка. Во рамки на проектот предвидени се и социјални активности, посета на изложби, концерти, театар. Ќе бидат вклучени и родителите на кои ќе им се пружи психо-социјална поддршка.

– Ги повикуваме родителите и во еден ден се пријавија родители на осум дечиња со попреченост. Ние ќе започнеме прво со помала група од десет, па понатаму. Организиравме и информативен настан со претставници на училишта, изјави, Димитровска.

Општина Куманово додели вкупно три милиони денари на пет граѓански здруженија кои се пријавија на јавниот повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита. „Инклузива“ доби милион и 150.000 денари за центар за дневен престој при што нудат индивидуална работа со деца со попреченост.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Новак Ѓоковиќ пристигна во САД и ќе одработи тренинг со Дел Потро

Следно

Брнабиќ за Вучиќ: 300 години нема да има таков како него, се надевам нема да се повлече во 2027 година

Latest from Blog

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од

Коњановски ја прими сребрената медалистка Искра Нечаковска по успехот на Европската олимпијада по физика

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за ученичката Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика, што се одржа

Денеска на Мундијалот: БиХ на мегдан со Американците, двојна пресметка меѓу Европа и Африка

ФОТО:facebook.com/nfsbih/ Денешниот ден ќе ни понуди исто така три супер интересни натпревари од 1/16 финалето на тековното Светско првенство. БиХ игра против САД и секако дека со нетрпение го чекаме тој меч

Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто препознатливо во таа
Go toTop