Радев ќе се сретне со кандидатите за шеф на привремената влада на Бугарија

August 21, 2024
1 min read

Во рамки на уставната постапка за назначување на привремена влада, претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе одржи средби и разговори со лицата утврдени во член 99, став 5 од Уставот, кои може да бидат назначени за привремен премиер. Ова го соопштија од прес-службата на бугарскиот претседател.

Согласно член 99 од Уставот, откако не е постигната согласност за формирање на влада, претседателот, по консултации со парламентарните групи и по предлог на кандидатот за привремен премиер, назначува привремена влада и закажува нови избори во рок од два месеци. По измените на Уставот, претседателот може да избира привремен премиер меѓу претседателот на Народното собрание, гувернерот или заменик гувернерот на Бугарската народна банка, претседателот или заменик-претседателот на Државниот ревизорски суд и омбудсманот или неговиот заменик.

Во понеделникот, Радев изјави дека нема да го потпише указот за привремената влада предложена од Горица Грнчарова-Кожарева. Причината е одбивањето на кандидатот за привремен премиер да го смени министерот за внатрешни работи Калин Стојанов.

Претседателот побара од Народното собрание да го дополни списокот од кој може да избере привремен премиер.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Антониу: Кипарскиот тим од Северна Македонија си замина со позитивни чувства

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Блерим Рамадани бил на Шапка за да гледа парцели, омиленото место за дивоградби на ДУИ?

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop