Две лица уапсени за убиството кај „Мавровка“, се трага по третиот осомничен

August 20, 2024
1 min read

Денеска пред пладне на паркингот позади трговскиот центар Мавровка е пукано врз еден човек кое му подлегало на повредитер. Паркингот беше окупиран од голем број на полициски екипи и медицинско возило и форензичари кои што го испитуваа местото на настанот и прибирање на доказен материјал. Според неофицијални информации на телевизија 24 убиениот човек бил златар со иницијали В.Е. Во потрагата беше вклучен полицискиот хеликоптер. Од министерство за внатрешни работи излегоа со соопштение дека биле вкупно тројца напаѓачи од кои два се уапсени по третиот сеуште се трага.

Во СВР Скопје било пријавено кривично дело убиство на паркинг простор пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, при што со огнено оружје е застрелано едно лице и починало на местото.  Со оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. Во периодот што следува во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот, информираат од Министерство за внатрешни работи. 

За пукотниците што се случуваат низ Скопје реагираа и од опозицијата од каде уште еднаш побараа оставка од министерот за внатрешни Тошковски.

Граѓаните се вознемирени и се чуствуваат небезбедно. Ваквите пресметки стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски не успеваат да ги најдат сторителите и да ги расчистуваат случаите. Тошковски е најнеспособниот министер за внатрешни работи и веднаш треба да си даде оставка, велат од СДСМ. 

Кон обвинувањата на СДСМ возвратија и од ВМРО ДПМНЕ.

Спасовски и СДС 8 години дозволија мафијашките банди толку да зајакнат што буквално се препукуваат низ Скопје. Владата на ВМРО-ДПМНЕ почна со санкционирање и институциите постапуваат побрзо од било кога. Мафијашките банди повеќе ја немаат заштита во институциите, како што го имаа во времето на Спасовски, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Институциите работат засилено и безбедноста ќе биде на повисоко ниво од време на СДС.

За помалку од 24 часа во Скопје имаше две престелки. Синоќа се пукаше во Ченто населбата сингелиќ кон возило во движење во кое имало две лица од кои едниот беше тешко ранет и пренесен на понатамошно лекување на скопските клиники.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шкотската Влада ги прекина сите средби со Израел

Следно

Украинската Врховна рада усвои закон за забрана на Руската православна црква

Latest from Blog

Виноскоп повторно го освои Скопје: Петочната вечер донесе музика, емоции и магична атмосфера

Јубилејното 15-то издание на Виноскоп донесе една од највпечатливите фестивалски слики досега – Градски парк исполнет со публика, наздравувања, насмевки и музика што ја претвори вечерта во вистинско заедничко доживување. Настапите на

Публиката го „запали“ Градски парк: Виноскоп со уште една магична вечер

Јубилејното 15-то издание на Виноскоп донесе една од највпечатливите фестивалски слики досега – Градски парк исполнет со публика, наздравувања, насмевки и музика што ја претвори вечерта во вистинско заедничко доживување. Настапите на

Програмата на Виноскоп денеска од 17 часот, поради најавените врнежи дел од изведувачите ќе настапуваат утре

Поради најавените врнежи и од безбедносни причини, дел од дневната програма на Виноскоп се преместува за утре. Денешната програма продолжува попладне во Градски парк. Од 17:00 часот настапува DJ Bela, во 19:30

УБИЕН ВТОРИОТ ЧОВЕК НА Исламска држава, соопшти Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека американските сили и Вооружените сили на Нигерија извеле заедничка операција во која е убиен, како што наведе, второрангираниот во глобалната структура на Исламската држава, Абу-Билал
Go toTop