ПОЧИНА АРХИТЕКТКАТА ВЕРА ЌОСЕВСКА, АВТОРКА НА ЗГРАДАТА НА ТЕАТАРОТ НА НАРОДНОСТИ ВО СКОПЈЕ

August 20, 2024
1 min read

На 95 години изминатиов викенд почина една од најзначајните архитекти во земјава, Вера Ќосевска. Меѓу нејзините познајчајни дела во плодната карира е објектот на Театарот на народности во Скопје, денешен Албански театар и на Гинекологија Чаир. Ќосевска е авторка на објектите Полициска станица Гази Баба, на Болниците во Струмица и во Куманово, на Противпожарен дом во Скопје, Фабриката „Мирка Гинова“ во Скопје.

Ќосевска (моминско презиме Ротман) е родена 1929 во Осијек, Хрватска. Со архитектура и градежништво се запознава уште во детството. Вујко ѝ бил инжинер-архитект, кој живеел во Загреб, но градел многу објекти во Осијек. Таа често одела со него на градилиште каде гледала како мајсторите работат. Основно образование завршила во Осијек, а гимназија учела во Загреб и Белград, каде завршила 1948, а истата година  се запишала на Архитектонски факултет при Универзитетот во Белград, каде дипломирала 1953  одличен успех, во класата на професор арх. Станко Клиска, со проектот Болница за костнозглобна туберкулоза во Калишта на Охридското Езеро.

По дипломирањето, со сопругот архитект Владимир Ќосевски доаѓа во Македонија и во 1953 се вработила во проектантското биро „Проектант” во Скопје. Во 1954 со сопругот го оформиле првото проектантско биро при Општинското Собрание во Охрид. Работела и во Секторот за урбанизам и архитектура во Собранието на скопската околија. Во 1959  положила државен стручен испит со кои ги стекнала овластувањата за проектирање и за градба на објекти од сите области на високоградбата. Од 1959-1961 работи во проектантско претпријатие „Агропроект” во Скопје, од каде преминала во „Пелагонијапроект”, кое било оформено по спојувањето на „Проектант” и градежното претпријатие „Пелагонија”. Тука работела сѐ до пензионирањето.

Во својот професионален работен век работела проекти од скоро сите области на архитектонското проектирање. Изработила приближно 150 проекти од кои 103 се реализирани, а 48 проекти не се реализирале од разни причини.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради дефекти, делови од Скопје без вода

Следно

Бајден: Ние ја донесовме демократијата и сега мора да ја зачуваме

Latest from Blog

Поранешните претседатели — државници во сенка или јавни актери? Црвенковски тивок, Иванов активен, Пендаровски критичен

Поранешните претседатели на Македонија по завршување на мандатите најчесто се повлекуваат од директната политика, но нивната јавна активност значително варира – од целосна тишина, до работа преку фондации и настапи на меѓународни

Земјотрес во Јапонија: 6,4 степени според Рихтер

Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ) соопшти дека земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри под површината, објави Ројтерс. Моментално нема предупредување за цунами. Извор: vecer.mk

Проданоски: Прилепската болница добива современа медицинска опрема за подобра здравствена грижа

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на промоцијата на нова современа медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп, заедно со директорот на установата, директорот на
Go toTop