Детенце од Украина остави цртеж со порака на сочувство пред Турската амбасада во Вилнус

February 10, 2023
1 min read

ВАРШАВА (АА) – Бариш Тантекин, амбасадорот на Туркије во литванскиот главен град Вилнус, за Анадолу изјави дека Литванија е важен пријател и НАТО-сојузник на Туркије од Балтикот.

Истакнувајќи дека добиле голема солидарност и поддршка по земјотресите што се случија во Туркије, Тантекин рече дека голем број луѓе оставаат пораки со сочувство и цвеќе пред турската Амбасада:

„Од првиот ден, нашиот азербејџански амбасадор, нашите пријатели таму, Татарите од Литванија, дојдоа пред нашата Амбасада и оставија пораки со сочувство и цвеќе пред нашиот главен влез. Во Вилнус моментално живеат голем број Украинци. Едно детенце од Украина изработило цртеж со нашето знаме, на кое на турски јазик напишало „сочувство“ и ни го донесе пред Амбасадата.“

Посочувајќи дека во Литванија се спроведуваат голем број кампањи за помош и поддршка на Туркије, Татекин рече: „Донации се собираат во Центарот за исламска култура и образование во Вилнус, Џамијата „Каунас“, Верското здружение во Клајпеда и во магацини за логистика на нашите деловни луѓе овде. Црвениот крст на Литванија започна со кампања за собирање донации.“

– „Сите институции се здружени рака за рака“ –

Нагласувајќи дека литванскиот претседател Гитанас Науседа, премиерката Ингрида Симоните, министерот за надворешни работи, Габриелиус Ландсбергис и многу други официјални лица го пренеле своето сочувство и изразиле поддршка, амбасадорот Тантекин додаде: „И литванските министерства за внатрешни работи и за одбрана, всушност, сите институции се здружени, рака за рака, трудејќи се на Туркије да ѝ испорачаат материјали за поддршка во потрагата и спасувањето.“

Турскиот амбасадор рече дека на 9 февруари со поддршка на „Турк хавајолари“ („Туркиш ерлајнс“) во Туркије бил испратен тим за пребарување и спасување од околу 40 лица од Литванија и 7 тони материјали.

„Целиот персонал на нашата Амбасада во соработка со нашите советници, нашите граѓани, нашите деловни луѓе, претставниците на „Турк хавајолари“, вложуваат максимални напори. Напорната работа и посветеноста на секој од нив е многу важна. На сите наши граѓани кои ги загубија животите во земјотресите им посакуваме Божја милост, а на повредените брзо оздравување. Се надеваме дека и од напорите за потрага и спасување ќе продолжиме да добиваме добри вести кои ќе ја обноват нашата надеж.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ИВАН ПОПОВСКИ ПО 8 ГОДИНИ ЌЕ РЕЖИРА ВО МАКЕДОНИЈА, СИНИША ЕВТИМОВ СО ТЕАТАРСКА ВЕРЗИЈА НА ХИТ-СЕРИЈАТА „АЛО, АЛО“

Следно

Арсовска оствари средба со директорот на Дирекцијата на заштита и спасување

Latest from Blog

Битиќи во „24 анализа“: Не се гледа ефектот од унгарскиот кредит за општините

Во гостувањето на „24 анализа“, потпретседателот на Владата Фатмир Битиќи од СДСМ изјави дека досега преку комерцијалните банки се одобрени 83 милиони евра од унгарскиот кредит. Но, наместо директна поддршка за стопанството

Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го намали влијанието на царините врз автомобилската индустрија, олеснувајќи дел од давачките за странски автомобилски делови што се користат во домашното производство и спречувајќи

Барселона сака да го продолжи договорот со Флик

Раководството на Барселона ги продолжува преговорите со тренерот Ханси Флик за нов договор. Според инсајдерот „Фабрицио Романо“, договорот ќе биде склучен во мај. Германскиот фудбалски стручњак сака да остане во клубот. Барселона
Go toTop