Поранешната премиерка на Нов Зеланд ќе присуствува на Националната конвенција на американските демократи во Чикаго

August 19, 2024
1 min read

Поранешната премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн ќе присуствува на Национална конвенција на американските демократи, која почнува денеска во Чикаго, објавија британските медиуми, повикувајќи се на нејзиниот портпарол, кој ги потврди извештаите на медиумите.

Ардерн, исто така, ќе присуствува на пропратен настан за време на конвенцијата, рече нејзиниот претставник.

Четиридневниот форум ќе ја одбележи номинацијата на Камала Харис за претседателски кандидат на партијата и се очекува да привлече илјадници луѓе во Чикаго.

Ардерн го привлече глобалното внимание откако го донесе своето бебе на состанок на ОН, носејќи хиџаб по масовното пукање на муслиманите во градот Крајстчерч во 2019 година и по почетниот успех на нејзината влада во справувањето со пандемијата Ковид-19. На почетокот на 2023 година, таа поднесе оставка од премиерската функција, објаснувајќи го тоа со прекумерна работа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Вкупно 885 здравствени и 289 хуманитарни работници се убиени во израелските напади врз Газа“

Следно

Николоски: Подготвени сме за напад од мобилните оператори, но сме неколку чекори пред нив

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop