По 71 година Иран ги тужи САД поради улогата на ЦИА во соборувањето на премиерот Мосадик

August 18, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Во Техеран денеска се одржа првото рочиште по тужбата на Иран против Соединетите Американски Држави (САД) поради улогата на земјата во пучот што доведе до соборување на премиерот Мухамед Мосадик, кој во 1953 година ја национализира нафтата под британски надзор, јавува Анадолу.

Заедно со бројни граѓани и новинари вклучени во случајот, на првото рочиште во 55. Меѓународен правен суд во Техеран присуствуваше и внукот на соборениот премиер, Махмуд Мосадик.

Говорејќи на почетокот на расправата, судијата Маџид Хосеинзаде рече дека околу 402.000 ирански државјани од повеќе од 20 држави биле вклучени во случајот започнат против американската Влада и шест американски официјални претставници.

Премиерот Мухамед Мосадик, кој го предводеше движењето за национализација на иранската нафта, беше соборен со државен удар организиран од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) на 19 август 1953 година. Државниот удар влезе во историјата како „Операција Ајакс“.

Подоцна, во државните архиви, од кои ЦИА ја отстрани ознаката „доверливо“ во 2013 година, за прв пат беа објавени докази за улогата на САД и Велика Британија во овој државен удар.

„Воениот удар е изведен под водство на ЦИА како дел од американската надворешна политика“, стои во еден од документите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Сексуално ропство“ на ученичка го шокираше Казахстан

Следно

Туркије: Пожарите во Измир ставени под контрола

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop