Нашата микробранова има своја заедница микроби

August 17, 2024
1 min read

Иако претходните студии открија различни заедници на микроби во кујнските апарати како што се машините за миење садови и машините за кафе, ова е првпат микробрановата печка да биде испитана за поседување свој микробиом. Истражувањето, објавено во Frontiers in Microbiology3, ја конфронтира вообичаената заблуда: дека микробрановата радијација загрева и целосно ги убива бактериите кои предизвикуваат болести кои се пренесуваат преку храна, како што се ешерихија коли и салмонела.

„Уште од 1980-тите, сите нè учеа дека ако користите микробранова печка, таа загрева сè и убива сè“, вели Џејсон Тетро, канадски микробиолог познат како „The Germ Guy“. Оваа студија е „важна“, вели тој, затоа што го насочува вниманието на потенцијалните патогени во овие уреди, особено оние кои се споделуваат.

Алба Иглесијас, микробиолог на Универзитетот во Валенсија и нејината екипа земале брисеви од 30 микробранови печки: домашни, канцелариски и лабораториски. Потоа ги култивирале примероците и  секвенционирале ДНК.

Вкупно 101 бактериски соеви имало во културите. Доминантните припаѓале на родовите Bacillus, Micrococcus и Staphylococcus, кои најчесто живеат на човечка кожа и површини кои луѓето често ги допираат. Бактериите од човечка кожа биле присутни во сите три типа на микробранови печки, но позастапени биле во домаќинските и оние  за заедничка употреба. Неколку видови бактерии поврзани со болести кои се пренесуваат преку храна, вклучително и клебсиела бревундимонас имало повеќе во домашните микробранови.

Тимот сугерира дека екстремофилните соеви што ги пронашле во микробрановите можеби биле еволутивно „одбрани“, со преживеани повторени циклуси на зрачење и би можеле да имаат биотехнолошки апликации.

Но, за пошироката јавност, импликациите од студијата се поедноставни. Микробрановата печка не е чисто и недопрено место, но не е ниту патоген резервоар од кој треба да се плашиме. Се препорачува таа да се чисти исто онолку колку што се чистат другите површини за да се елиминираат потенцијалните бактерии.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелски безбедносни извори тврдат дека повеќе нема воени цели во Газа

Следно

Ангелов: Нови ер-трактори се поефтини од штетата од пожарите

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop