Пожарите ги соголеа македонските шуми и планини-над сто од почетокот на летната сезона

August 16, 2024
1 min read

Од стотиците пожари со кои се соочи земјава, последиците ќе ги трпиме со децении, само во последното деноноќие центарот за управување со кризи евидентирал 53 пожари на отворено, од нив 35 се изгаснати, 12 активни и шест ставени под контрола. Пламените јазици се немилосрдни пеплосуваат огромни површини на квалитетни шуми, сува трева , стрниша, нискостеблеста, деградирана шума и депонии. Огнот не прави избор голта се што ќе најде пред себе. Пожарникарите безмалку се два месеци без одмор од од осми јули до денес нерма ден да нема борба со огнената стихија. Само во месец август имаат изгаснато 370 пожари на отворен простор во целата држава а каков е билансот за денес?

Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од 10 километри, како и пет возухоплови – три ертарактори и два полициски хеликоптера, за пожарот на Галичица да се стави под контрола но состојбата и понатаму будно се следи, информира раководителот за противпожарна заштита во националниот парк Галичица Ѓуро Јовчевски.

Полицијата пак веќе неколку дена користи дронови од каде што велат дека овој мониторинг треба доста да помогне околу пожарите, особено во делот на откривање на потпалувачите зашто генералната оценка е дека за најголемиот број од пожарите причина е човечки фактор и намерно палење..

Од опозицијата бараат оставка од министерот за внатрешни работи, како што велат од таму за еден месец пожарите уништиле 5% од вкупната територија на Македонија, опустошени биле 1 200 километри шума а горат и национални шуми.

СДСМ

– Тошкоски треба веднаш да си поднесе оставка. СДСМ неколку пати апелираше дека Тошковски е неспособен да управува со Кризниот штаб и мора да биде сменет. Во изминат период СДСМ конструктивно и одговорно се однесуваше, не сакаше да ја подгрева тензијата и да ја напаѓа Владата, оставајќи ги институциите да работат.

Синоќа директорот на ЦУК Ангелов и германската амбасадорка Петра Дрекслер заедно ги испратија пилотите и воздухопловниот персонал кои дојдоа од Германија и помагаа во гаснењето на пожарите на отворен простор, на средбата Дрекслер изразила подготвеност за подршка согласно можностите и потребите при справување со кризни ситуации и во иднина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кац: Во случај на ирански напад, Израел очекува неговите сојузници да му помогнат да го нападне Иран

Следно

Една четвртина од оние во кома се свесни!

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop