Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 40.000

August 15, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Уште најмалку 40 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа, со што бројот на загинати од 7 октомври порасна на 40.005, истакна денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека во 10-месечната офанзива повредени се најмалку 92.401 Палестинец.

„Израелските сили убија 40 луѓе и повредија 107 во три масакри врз семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

По повеќе од 10 месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а постои и блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје 2014 ќе продолжи да се гради со буџетски пари во 2025

Следно

Мицкоски: Укинувањето на балансерот го бара ЕУ, не ние

Latest from Blog

Трамп вели дека САД потопиле седум мали ирански брода во Ормускиот теснец

 Трамп одби да каже дали примирјето меѓу САД и Иран останува на сила откако двете страни отворија оган  кон Ормутскиот теснец. Обединетите Арапски Емирати, сојузник на САД, соопштија дека нивната воздушна одбрана

Почина новинарот Рамуш Муарем Цирко – еден од најгласните активисти за правата на Ромите

Македонската јавна сцена и новинарската заедница изгубија еден од своите најавтентични ликови. На 64-годишна возраст, под долго боледување, почина Рамуш Муарем – Цирко, новинар, уредник, актер и еден од најгласните активисти за

Доку го остави сонот за титула жив

Каква лудница на „Хил Дикинсон“ ни приредија Евертон и Манчестер Сити. Натпревар во кој двата тима одиграа по едно брилијантно полувреме и кој на крајот заврши со нерешен резултат 3:3. Момците на
Go toTop