ПОЧИНА АКТЕРКАТА ЏИНА РОУЛАНДС

August 15, 2024
1 min read

Прославената американска актерка Џина Роуландс, која двапати беше номинирана за Оскар, почина на 94 години во својот дом во Калифорнија. Причината за смртта не беше објавена, но неодамна беше кажано дека боледува од Алцхајмеровата болест.

Роуландс се откажа од глумата во 2015 година, откако доби четири награди Еми и два златни глобуса. Беше номинирана за Оскар за најдобра актерка во 1976 за „Жена под влијание“ и во 1980 за „Глорија“. Двата филма се режирани од нејзиниот бивш сопруг Џон Касаветес, со кого беше во брак 35 години, до неговата смрт во 1989.

Роуландс ја почнала актерската кариера на Бродвеј и во ТВ-серии, пред да го има филмското деби во 1958. Иако беше успешна актерка и пред и после филмовите со Касаветес, токму серијата филмови снимени со нејзиниот сопруг ѝ ја обележа кариерата. Во десетте заеднички филмски проекти Роуландс одигра низа револуционерни улоги на емотивно скршени и копнежливи жени, што беше доста ретко во американската кинематографија во тој период и ја смести во редот на најталентираните холивудски актерки на својата генерација.

Паралелно градеше успешна телевизиска кариера и излезе од сенката на Касаветес со филмови како „Друга жена“ на Вуди Ален, „Ноќ на Земјата“ на Џим Џармуш и „Неонската Библија“ на Теренс Дејвис. Се појави и во филмови режирани од нејзиниот син Ник, меѓу кои се истакнува романтичната драма „Бележникот“ од 2004.

Во 2015 година ѝ беше доделен почесен Оскар.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Активни 12 пожари, седум се под контрола

Следно

Нов урбанистичкиот закон за „штанцање“ градежни дозволи

Latest from Blog

Младоженец е убиен додека одел на сопствената свадба, причината е морничава

Невидениот злостор се случил во областа на полициската станица Кета Сараи, соопштија официјални лица. Според началникот на полицијата во Кунвар, Анупам Сингх, обвинетиот, идентификуван како Прадип Бинд, заедно со соучесник, отворил оган

Хоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5-тиот Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја

ЛШ: Арсенал по 20 години повторно ќе игра финале, Сака е херојот на Лондон (ВИДЕО)

По дводецениско чекање, навивачите на Арсенал ќе имаат можност да гледаат уште едно големо финале во Лигата на шампионите на УЕФА во кое ќе настапи нивниот омилен тим. „Топчиите“ минимално со 1:0
Go toTop