Лидерите на ЕУ на самитот се согласија да ја зајакнат граничната контрола и политиката на враќање мигранти

February 10, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – На Самитот кој заврши утрово, лидерите на Европската Унија решија да ги зајакнат надворешните граници на Блокот и да се фокусираат повеќе на спречување на нерегуларната миграција, јавува Анадолу.

„Ќе дејствуваме за да ги зајакнеме нашите надворешни граници и да ја спречиме нерегуларната миграција“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес-конференцијата на затворањето на лидерскиот Самит.

Таа објасни дека ЕУ ќе воспостави „пилот-проекти“ за зајакнување на заштитата на границите, и со материјална опрема и со персонал за справување со барањата за азил и враќањата на мигрантите.

Зајакнатата гранична контрола ќе биде финансирана од заедничкиот буџет на ЕУ, и покрај претходниот став на Фон дер Лајен која го отфрли финансирањето на граничните огради со пари на ЕУ.

Во заклучоците од Самитот, лидерите на ЕУ конкретно од извршното тело на ЕУ побараа „веднаш да ги мобилизира фондовите и средствата на ЕУ за поддршка на земјите членки во зајакнувањето на капацитетите и инфраструктурата за заштита на границите, средствата за надзор, вклучително и воздушниот надзор и опрема“.

Како што објасни Фон дер Лајен, ЕУ „ќе обезбеди интегриран пакет на мобилна и стационарна инфраструктура, од автомобили до камери, од стражарски кули до електронски надзор“, според новите пилот-проекти.

Лидерите на ЕУ, исто така, се согласија да го забрзаат безбедното враќање на оние мигранти чии барања за азил се одбиени.

„Со помош на релевантните агенции на ЕУ, новите пилот-проекти ќе се фокусираат и на граничните процедури за најефикасно регистрирање, брзи и фер процедури за азил и начините за постапување со враќањата [на мигрантите]“, додаде Фон дер Лајен.

„За таа цел, земјите отсега заемно ќе ги признаваат одлуките за враќање за да избегнат двојно аплицирање“, рече Фон дер Лајен.

Освен тоа, лидерите ја повикаа Агенцијата за азил на ЕУ да работи на концептот на „безбедни трети земји и безбедни земји на потекло“ од каде што Блокот нема да прифаќа барања за азил.

Со овој потег, ЕУ се обидува да формира заедничка листа на безбедни земји што ќе ја користат сите земји членки на ЕУ, кои во моментов се слободни да одлучат дали прифаќаат барања за азил или не.

Лидерите на ЕУ, исто така, разговараа и за економските прашања, како и за поддршката на ЕУ за Украина, вклучувајќи ја и воената помош, за повеќе санкции против Русија и понатамошна употреба на замрзнатиот руски имот.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски за првпат учествуваше лично на Самитот, а оствари и билатерални разговори со лидерите на ЕУ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прегазен пешак на кеј „13 Ноември“

Следно

Бесплатни стоматолошки услуги за сите пензионери, учениците и децата во градинките во социјален ризик во општина Центар

Latest from Blog

СБ на ОН ќе одржи седница за прекин на огнот во Газа пред првото заседание на Одборот за мир

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи седница на високо ниво за договорот за прекин на огнот во Газа и напорите на Израел да ја прошири контролата на Западниот Брег,

Фетаи: Повратот и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот остануваат приоритет

По конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, одржана на 2 февруари 2026 година, денеска се означува влегувањето во одлучувачката фаза на конкретна имплементација на Стратегијата за

Изет Меџити: Рамазан – месец на светлина, мир и заедништво, вечерва започнува со отворање на нова џамија во Фуше Топана

Со порака за светлина, трпение и меѓусебна љубов, Изет Меџити го честиташе почетокот на светиот месец Рамазан, нагласувајќи дека овој период е време на духовна посветеност, мир и зацврстување на заедништвото. „Рамазан

Меџити испрати честитка: Нека Рамазан донесе мир и благосостојба

Со порака за светлина, трпение и меѓусебна љубов, Изет Меџити го честиташе почетокот на светиот месец Рамазан, нагласувајќи дека овој период е време на духовна посветеност, мир и зацврстување на заедништвото. „Рамазан
Go toTop