Агрон Речи поднесе неотповиклива оставка од функцијата државен правобранител

August 12, 2024
1 min read

Државниот правобранител на Република Северна Македонија Агрон Речи поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Од Владата барам да ја прифати мојата оставка на наредната владина седница и согласно Законот за дражвно правобранителство најдоцна во рок од седум дена од престанокот на вршење на функцијата, да биде именуван за државен правобранител со седиште за подрачјето на Охрид, од каде бил именуван пред стапување на функцијата.

Речи со одлука на Владата, од 18.04.2023 година беше именуван за државен правобранител. Претходно ја врши функцијата државен правобранител за подрачјето на Охрид, каде е именуван со одлука на Влада од ноември 2020 година.

–  Оваа оставка ја поднесувам од лични причини, од кои најдоминантно влијание врз ваквото мое одлучување имаше околноста што сум фамилијарна личност, со оформено семејство кое не живее во градот каде што ја обавував функцијата. Одвоениот живот од семејството го инсинуира овој формален чин на напуштање на функцијата од моја страна. При потполно чиста совест и здрав разум, неприсилен од никого поднесувам неотповиклива оставка од функцијата државен правобранител на РСМ, поради лични причини, се вели во оставката на Речи. 

Од денот на моето именување, се до овој момент, Речи нагласува дека достоинствено се соочил со сите предизвици кои се појавиле во поглед на правната заштита на имотните права и интереси на државата, преку редовно преземање на соодветни мерки и правни средства, вршејќи ги своите надлежности. 

–  Државното правобранителство, вклучувајќи ме мене како носител на шефовската функција, чесно и доблесно ги извршуваше своите законски овластувања и обврски во поглед на застапување на државните и јавните органи во РСМ, без во ниту една ситуација да наоѓа алтернативи и механизми за избегнување на одговорностите, стои во оставката до Владата.

Како државен правобранител согласно своите законски ингеренции, Речи посочува дека до Владата поднел предлог за разрешување на двајца правобранители, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, кој бил прифатен како основан и тие се разрешени, но и нагласува дека за уште едно такво барање, за државен правобранител од подрачјето на Скопје, се уште нема одлука, иако како што појаснува предлогот е доставен до поранешниот владин состав од чија страна не е постапено, меѓутоа ниту новиот состав на Владата се уште на одлучено. За дејствијата на кои се однесува предлогот, нагласува Речи, се води истражна постапка пред Основното јавно обвинителство.

– Не постапувањето на Владата фрла сомнеж врз околноста дали власта ќе се бори против криминалните дејствија, кои беа особено нагласуваан и истакнувани како приоритетен проблем во македонското правосудство од страна на актуелниот премиер или пак таквата флоскула беше употребена само заради набивање на политички поени во предизборна кампања, вели Речи во оставката.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тендер за прослава за Рамковниот договор без оглас во „четири очи“

Следно

Инвазијата на Русија е најризичниот потег на Зеленски

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop