Израелскиот министер Бен-Гвир: Договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со Хамас е „голема грешка“

August 11, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Министерот за национална безбедност на Израел од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, денес го нарече договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со Хамас „голема грешка“, јавува Анадолу.

Израел треба да го испрати својот преговарачки тим во Египет во четврток за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници со Хамас.

„Го уништуваме Хамас“, рече Бен-Гвир. „Ги слушам не само мислењата на функционерите во Кабинетот за безбедност, туку и командантите од теренот.“

„Сега го зајакнуваме ли Хамас со присуството на преговорите [во Каиро]? Тоа е голема грешка на премиерот.“

Министерот од крајната десница рече дека единствениот начин да се ослободат Израелците заробени од Хамас е преку „зголемен воен притисок“.

„Ако им го прекинеме горивото, во рок од една недела тие ќе клекнат на колена. И ако ги запреме камионите [со помош], во рок од две недели тие ќе клекнат на колена. Па зошто одиме да правиме договор, особено таков неодговорен договор?“ рече тој.

Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ рано утрово објави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочува со зголемен притисок од САД да продолжи со преговори за договор со Хамас, дури и ако тоа значи „пад на неговата Влада“.

Според весникот, претстојната рунда преговори во Каиро се смета за „последна апсолутна шанса“ да се постигне прекин на огнот во Газа и регионално.

Египет, Катар и САД со месеци предводат индиректни преговори меѓу Израел и Хамас, на кои не е постигнат договор поради одбивањето на Израел да ги исполни барањата на Хамас да се стави крај на војната, да ги повлече војниците од Газа и да им дозволи на раселените Палестинци да се вратат во северна Газа.

Израел продолжи со разорната воена офанзива во Појасот Газа, која започна по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Во израелските напади досега убиени се речиси 39.800 Палестинци.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто на СДСМ им е тешко да го осудат планот на ДУИ за дестабилизација?

Следно

Масовни протести во Белград

Latest from Blog

Николоски: Македонија останува посветена на силната соработка со САД

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Никол Варнс. На средбата, како што информира Николоски, биле

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата
Go toTop