Масовни протести во Белград

August 11, 2024
2 mins read

Ќе разговарам со народот, дали луѓето во Србија мислат дека сум глуп да направам нешто против мојата земја и мојот народ? Вака претседателот на Србија Александар Вучиќ се обрати денеска пред јавноста, по вчерашните протести во Белград против ископ на литиум во Србија.

Вучиќ оцени дека протестот на „Теразије“ поминал во демократска атмосфера, но не и блокадите на двете главни железнички станици оценувајќи ги како насилство. 

– Ќе разговараме со народот. Ќе одам во Лозница и Крупањ, ќе одам на секое место. И нема да правам големи митинзи за да ви покажам колку луѓе можам да соберам. Ќе одам да разговарам со оние што мислат поинаку, со обичните луѓе, да зборувам за нивниот страв. Дали луѓето во Србија мислат дека сум глупав и луд дека ќе направам нешто против мојата земја и мојот народ? – рече Вучиќ.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Белград за да протестираат против контроверзниот рудник за литиум кој треба да служи како витален извор за напојување на зелената енергија во Европа, бараат трајна забрана со закон за ископ на литиум и бор во Србија. Граѓани  блокираа две белградски железнички станици – Прокоп и Нови Београд. а го блокираа и автопатот низ главниот град што води кон Ниш. Имаше и инцидент кога автомобил налета на демонстрантите. Сепак во раните утрински часови полицијата ги опколи граѓаните на Прокоп и ги избрка, двајца се приведени бидејќи не сакале да ја напуштат станицата.

Од железничката станица демонстраните отидоа пред  полициската станица од каде најавија ќе останат таму додека уапсените не бидат ослободени.  Ивица Дачиќ пак изјави дека полициската интервенција била извршена без употреба на сила. Приведени се 14 лица, како и двајца странски државјани, против кои ќе бидат поднесени кривични и прекршочни пријави. 

Очекуваа конфликт и бараа конфликт. Тоа можете да го погледнете од нивните изјави синоќа. Тие очекуваа интервеницјата на полицијата да биде во четири часот. Затоа што тогаш тргнува првиот воз за Ниш. Што значи дека со цел биле таму. 

Заменик-претседателката на ССП, пак Мариника Тепиќ, која ја поминала ноќта на станицата Прокоп изјави дека според нејзините проценки, биле испратени околу 200 полицајци во полна опрема и уште најмалку 40-50 во цивилна облека. Против граѓаните, како што вели, биле испратени кордони, како да се најлошите терористи. 

Актерката Јелена Ступљанин заедно со сите насобрани граѓани вечра побара да се поздрават луѓето кои во претходните две недели излегоа на улиците во повеќе од 40 градови и населени места и заедно порачаа „Рио Тинто Марш од Србија“. 

– Рио Тинто Марш од Србија“.Запомнете колку напорно работите сите секој ден за да се прехраните себеси и вашите семејства и за сето тоа што плаќате даноци на државата и за сето она што го плативме на државата и затоа Јадар е наш. Сите живееме од Јадар и затоа ајде да се бориме за она во што цврсто веруваме. – изјави Ступљанин.

Србија има огромни наоѓалишта на литиум во близина на западниот град Лозница. Рударски проект што го развива англо-австралискиот рударски гигант Рио Тинто.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелскиот министер Бен-Гвир: Договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со Хамас е „голема грешка“

Следно

Стојановски: Филипче да каже дали ги оправдува набавките на ЕСМ направени од неговите луѓе

Latest from Blog

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат врз основа на науката и законите

Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека јавната дебата за проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ предолго е заложник на стравови, шпекулации и дезинформации, наместо на научни факти, современи технологии и

И Един Џеко донесе одлука за својата иднина!

Според информации од германски медиуми и извори кои го следат клубот од Гелзенкирхен, постигнат е целосен договор помеѓу Џеко и Шалке за продолжување на соработката. Како што е наведено, сè уште има

Меџити: Ќиборовски остави траен белег во зачувувањето на Старата скопска чаршија

Меџити: Со спомен-плоча за Адолф Ќиборовски му оддадовме признание за зачувувањето на Старата скопска чаршија Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска информираше дека во Старата скопска чаршија е откриена спомен-плоча посветена

Најсилен тајфун досега ја погоди Кина- над 710.000 луѓе се спасуваат од разорното невреме (ВИДЕО)

Природната катастрофа го погоди регионот рано утрово, со ветрови од 45 метри во секунда. Најголемиот број евакуирани лица дојде од урбаните области Хуиџоу и Шанвеј, каде што 205.000 и 192.000 луѓе беа

Мицкоски: Опозицијата шири хистерија, Владата испорачува – во рекорден рок саниран проблемот во Гостивар

Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да испорачува. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. -Целосна
Go toTop