Ај кој може подолго без телефон во кола?

August 11, 2024
1 min read

Расеаното возење (телефон, јадење, пиење…) во САД довело до 3.308 смртни случаи во 2022 година. Телефоните стојат зад најмалку 13% од тие смртни случаи (околу 400 годишно), а статистиката е најлоша кај помладите возачи. 35% од тинејџерите признаваат дека читаат и праќаат пораки додека возат.

Во студија на една осигурителна компанија учествувале 1.653 учесници чии телефони биле следени за да се добијат објективни податоци за нивните навики а да не биде „Кој, јас со телефон во кола, па не сум јас глуп!“

Во просек, додека возат користеле мобилен 6,4 минути на час. Студијата ги поделила возачите во пет групи кај кои 10 недели биле применувани различни пристапи за одвикнување.

Првите три групи добиле едукативни материјали, потпишувале договори дека нема да пипнат телефон и слично. Тоа довело до само мало подобрување.

На четвртата и петтата група им било пристапено со поиновативни  тактики, вклучително и гејмифицирање на навиката.

Луѓето од четвртата група кај кои користењето на мобилниот зад волан се намалило за 20,5% учествувале во седмична игра која им давала поени на оние кои и ќе исполнат некои таргети за користење. Кај петтата успехот бил уште поголем (27,6%) зашто поените носеле и парични награди.

Најветувачки податок е оној дека луѓето продолжиле помалку да ги користат мобилните во кола дури и кога студијата завршила.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВРЕДИ: Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД

Следно

Украина: Две лица загинаа во руски ракетен напад врз главниот град Киев

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop