Претендентите за претседател на САД, Трамп и Харис, ќе се соочат на дебата на 10 септември

August 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателскиот кандидат на републиканците Доналд Трамп и неговата ривалка од редовите на демократите Камала Харис се сложија да учествуваат на првата меѓусебна дебата на 10 септември, објави доцна синоќа Еј-би-си њуз, пренесува Анадолу.

Мрежата го објави ова на X по изјавата на Трамп во која ја изрази својата подготвеност да се вклучи во повеќе дебати со неговата противничка од демократите пред изборите во ноември.

Трамп предложи да има три дебати, сугерирајќи Фокс њуз и Ен-би-си да бидат домаќини на дополнителни две, но Харис е воздржана за дебата водена од Фокс њуз бидејќи се смета како мрежа што го фаворизира Трамп.

Харис го потврди своето учество во дебатата на Еј-би-си за време на вчерашниот настан во Мичиген и укажа на својата отвореност за повеќе дебати.

„Со нетрпение ја очекувам дебатата со Доналд Трамп, а 10 септември е нашиот датум. Разбрав дека тој конечно се обврза и со нетрпение ја чекам дебатата“, рече Харис.

Потврдата дојде неколку недели по влегувањето на Харис во трката за претседател по повлекувањето на нејзиниот шеф, претседателот Џо Бајден, по разочарувачкиот настап на дебатата со Трамп во јуни.

Се смета дека влегувањето на Харис во трката ги поттикнало демократите, а неколку анкети покажуваат дека трката меѓу Харис и Трамп се заострува.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Смртоносните моменти во 25-те години владеење на Владимир Путин

Следно

Несреќа кај Анкара: Автобус удри во столб на мост, најмалку девет загинати

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска
Go toTop