Израелската војска ги користи Клауд-серверите на Амазон за складирање информации за Газа и Палестинците

August 6, 2024
4 mins read

АНКАРА (АА) – Со зголемувањето на податоците што израелската војска ги складира за Палестинците во Појасот Газа и во Газа откриено е дека Клауд-серверите (облак-сервери) на Амазон и системите за вештачка интелигенција на Мајкрософт и Гугл се користени за класифицирање и филтрирање на тие податоци, јавува Анадолу.

Медиумите „+972 Magazine“ и „Local Call“ дојдоа до аудиоснимка од презентацијата на полковникот Рашели Дембински, командант на Центарот за компјутерски и информациски системи на израелската војска, која е одржана пред околу 100 припадници на воениот и индустрискиот персонал во Тел Авив на 10 јули.

Центарот за компјутерски и информациски системи ги следи и регулира сите процеси на обработка на податоци за израелската војска.

Презентацијата првпат јавно потврди дека израелската војска во своите напади врз Појасот Газа од 7 октомври користи услуги за складирање податоци во облак и вештачка интелигенција обезбедени од цивилни светски технолошки гиганти.

Презентацијата двапати ги вклучуваше логоата „Amazon Web Services (AWS)“, „Google Cloud“ и „Microsoft Azure“, а Дембински рече дека војската користи „оперативен облак“ во своите активности што вообичаено се чува на интерен воен сервер.

Интерниот облак вклучува апликации за обележување цели за бомбардирање, портал за гледање слики во живо од беспилотни летала на небото над Газа, како и системи за команда и контрола.

Дембински рече дека со нападите на војската врз Појасот Газа нејзините внатрешни воени системи се преоптоварени, што предизвикувало технички проблеми што биле опасност за забавување на нејзиниот воен капацитет.

– Клауд-услугите ѝ дадоа на војската значителна оперативна ефикасност во Газа –

Напоменувајќи дека Клауд-услугите што ги нудат големите технолошки компании даваат неограничени можности за складирање без потреба од физичко складирање во компјутерските центри на војската, Дембински рече дека тоа е „најважната“ предност што ја обезбедуваат тие услуги на напредни можности на вештачката интелигенција.

Дембински наведе дека соработката со овие технолошки компании ѝ дала на војската „многу важна оперативна ефикасност“ во Појасот Газа.

Иако Дембински не спомена кои услуги се купени од компаниите ниту како тие ѝ помагале на војската, израелската војска во изјавата за „+972“ и „ Local Call“ рече дека доверливите информации и системите за напади складирани во интерните Клауд-системи не биле пренесени на Клауд-услуги од страна на технолошките компании.

Меѓутоа, деталната истрага на „+972 Magazine“ и „Local Call“ за ова прашање открива дека израелската војска складира некои разузнавачки информации собрани од масовниот надзор на населението во Газа на серверите со кои управува Амазон.

Истражувањето, исто така, открива дека одредени облак-провајдери ѝ обезбедиле голем број можности и услуги од вештачката интелигенција на израелската војска од почетокот на офанзивата во Газа.

– Системите за складирање во облак обезбедуваат неограничено складирање во Газа –

Во рамките на истрагата извршени се интервјуа со извори во израелското Министерство за одбрана, како и со израелската индустрија за оружје, три компании за облак-складирање и седум израелски разузнавачи.

Изворите наведоа дека израелската војска користела ресурси од приватниот сектор за развој на технолошките капацитети во нападите врз Појасот Газа.

Според три разузнавачки извори, соработката на војската со Амазон е многу силна. Амазон ѝ обезбедил на израелската воена разузнавачка служба сервер што се користи за складирање на големи количини разузнавачки информации што ѝ помагале на војската во нејзините напади.

Според изворите, системите за складирање во облак ѝ овозможуваат на војската да има „бесконечно складирање“ за чување на разузнавачки податоци за речиси сите во Газа.

Воени извори нагласија дека разузнавачките податоци собрани од надзорот на Палестинците во Газа се огромни и не може да се складираат само на воените сервери, а ситуацијата ја принуди војската да се сврти кон облак-услугите што ги нудат технолошките компании.

Од друга страна, воени извори наведоа дека огромните количини информации складирани во облак-услугите што ги обезбедува Амазон дури помогнале во верификацијата на воздушните напади врз Газа.

– Значително зголемување на купувањето услуги од компаниите Гугл, Амазон, Мајкрософт –

Израел потпиша договор наречен „Проект Нимбус“ со Гугл и Амазон во 2021 година.

Договорот вреден 1,2 милијарди долари имаше цел да ги поттикне министерствата да ги пренесат своите информациски системи на облак-серверите на овие компании и од нив да добиваат напредни услуги.

Меѓутоа, стотици вработени во двете компании подоцна објавија отворено писмо во кое повикуваат на прекин на врските со израелската војска. Гугл отпушти 50 вработени со образложение дека учествувале во овие протести по 7 октомври минатата година.

Истражувањето откри дека големите компании за складирање податоци во облак од октомври обезбедуваат услуги на складирање на податоци и вештачка интелигенција за воените разузнавачки единици.

Безбедносни извори наведоа дека има значителен пораст на купувањето на услугите на „Google Cloud“, „Amazon Web Services“ и „Microsoft Azure“ од страна на израелската војска, при што повеќето купувања од Гугл и Амазон се направени во рамките на „Нимбус“.

Извор од израелското разузнавање наведе дека услугата на Амазон за складирање во облак нуди „бесконечен простор за складирање“.

– Амазон во агресивна конкуренција со Мајкрософт –

„Microsoft Azure“ беше главен израелски Клауд-провајдер, кој им ги продаваше своите услуги на израелското Министерство за одбрана и на различни воени единици, според извори од воената и од индустријата за оружје.

Според еден извор, „Microsoft Azure“ требало да ѝ обезбеди на израелската војска облак за складирање на податоците од надзорот, но Амазон понудил подобра цена.

Извори поврзани со израелското Министерство за одбрана велат дека Амазон „агресивно“ се натпреварува со „Microsoft Azure“, надевајќи се дека ќе го заземе местото главен давател на услуги во војската.

Инаку, последниве години Амазон тесно соработува не само со израелската војска туку и со безбедносните агенции на САД, Велика Британија и Австралија.

Австралиската Влада, исто така, овој месец објави дека ќе инвестира 1,3 милијарди долари во создавање облак за строго доверлив разузнавачки материјал на серверите на Амазон.

Додека Гугл и Мајкрософт одбија да одговорат на барањата за коментар во рамките на истрагата, „Amazon Web Services“ соопшти дека е фокусиран на давање предност на водечките светски облак-технологии до сите клиенти, каде и да се наоѓаат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Маките со лекови на пациенти со цистична фиброза никако да престанат

Следно

Бројот на турски компании меѓу 100-те најдобри во светот во одбранбената индустрија се зголеми на пет

Latest from Blog

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop