Бројот на турски компании меѓу 100-те најдобри во светот во одбранбената индустрија се зголеми на пет

August 6, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на турски компании од одбранбената индустрија во рангот на најдобрите 100 во светски рамки, според магазинот Дифенс њуз, се искачи на пет, со најновото годинашно додавање на листата на производителот на оружје – Корпорацијата за машинска и хемиска индустрија (МКЕ), јавува Анадолу.

Аселсан е највисоко рангирана турска одбранбена компанија, која од 47. место минатата година скокна на 42. место оваа година, покажува листата.

Турската воздухопловна компанија Турски аеровселенски индустрии (ТАИ) се искачи од 58. место на 50. во истиот период, а по неа следува производителот на оружје Рокетсан, кој годинава направи најголем скок, од 80. на 71. место.

Најновото дополнување на листата, МКЕ, се рангираше на 84. место, според веб-страницата и истоимениот магазин Дифенс њуз (Defence News).

Дополнително, Воената фабрика и бродоградилиште АСФАТ од 100. место минатата година се искачи на 94. место.

Што се однесува до остатокот од листата, првото место го зазеде американската компанија Локхид Мартин, по која следува Корпорацијата за воздухопловна индустрија на Кина и одбранбените компании со седиште во Вирџинија Ер-те-икс (RTX), Нортроп Груман и Џенерал Дајнамикс.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска ги користи Клауд-серверите на Амазон за складирање информации за Газа и Палестинците

Следно

Пожарот во селото Негорци, Гевгелија се приближи до куќите

Latest from Blog

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

 Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“.

Евростат: Македонија со најниско ценовно ниво на храната и безалкохолните пијалаци

Храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 25,2% под просекот на Европската Унија. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, лебот и житарките, додека цените на маслата и мастите се најблиску

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на
Go toTop