Маките со лекови на пациенти со цистична фиброза никако да престанат

August 6, 2024
1 min read

Лекарите од Универзитетската клиника за детски болести каде се лекуваат пациентите со цистична фиброза повеќе пати до сега аларамирале до министерството за здравство за недостигот од лекот креон.

Од клиниката велат дека започната е постапка за регистрација на нов препарат со кој што ќе може да се третираат овие пациенти. Лекарите се надеваат дека процедурите наскоро ќе завршат. 

– Повеќе пати до сега алармиравме во Министерство за здравство за недостаток на панкреасни ензими. Министерството за здравство сериозно го сфати тоа, бараше препарати, но недостаток е на светско ниво. Во постапка е регистрација на нов препарат во нашата земја, според наши информации постапката е стигната до МАЛМЕД. Се надеваме дека ќе се заврши наскоро. – велат од Универзитетска клиника за детски болести.

Од Агенцијата за лекови пак велат дека и до нив стигнале реакции од пациенти за ограничените количини на лекот и тврдат дека веќе се обидуваат да го обезбедат лекот дополнително и од друг производител за да се покријат потребите на пациентите кои го користат. 

– По добиената информација од носителот на одобрението за промет за највен недостиг и ограничување во снабдувањето кое би можело да трае до 31.12.2025 година, заради голема глобална побарувачка и ограничени производни капацитети, Агенцијата ќе пристапи кон разгледување на други законски постапки за обезбедување на потребниот лек од друг производител со цел надминување на недостатокот и навремена испорака до пациентите. – велат од Агенција за лекови МАЛМЕД.

Пациентите веќе со месеци не можат да го најдат лекот во земјава. Дел од нив досега го набавувале од соседните земји, но во изминатиов период велат дека и таму тешко се наоѓа. 

Од Асоцијацијата за цистична фиброза објаснуваат од какво значење е овој лек за нивната здравствена состојба. 

„Настанува премногу голем проблем заради недостатокот на креон дури и трикафтата за која се боревме долго време не може комплетно да се искористи во комбинација со неа, така што има пациенти кои веќе комплетно се без креон, тоа значи дека храната не им се обработува и не може добро да се апсорбира лекот.“ – вели Ивана Атанасоска од Асоцијацијата за цистична фиброза.

Недостигот од креонот се појавувал повремено и претходно, но овој пат веќе трае со месеци и пациентите бараат што побрзо надлежните да најдат решение и да обезбедат доволно количини.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блискиот исток темпирана бомба

Следно

Израелската војска ги користи Клауд-серверите на Амазон за складирање информации за Газа и Палестинците

Latest from Blog

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во
Go toTop