Блискиот исток темпирана бомба

August 6, 2024
1 min read

Продолжуваат нападите меѓу Израел и Хезболах. Петмина припадници на либанската организација загинаа утрово во ракетен напад кој го изврши израелската армија. Хезболах возврати и го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала. Борбите доаѓаат во период кога растат стравувањата од регионален судир меѓу Иран и неговите сојузници, Хамас, Хезболах и Хутите од Јемен од една страна и Израел, поддржан од САД, на спротивната страна.

Од почетокот на конфликтот во Газа во октомври минатата година, Хезболах речиси секојдневно ги напаѓа израелските позиции со беспилотни летала и ракети, поради, како што велат, солидарност со Палестинците.

А Иранските власти пак продолжуваат ос истрагата која треба да покаже кој стои зад убиството на политичкито лидер на Хамас, Исмаил Ханија, и дали во нападот учествувале жители на Иран. Водачот на палестинската група беше убиен минатата среда за време на посетата на церемонијата на положување заклетва на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. 

„Почнаа неопходните истраги, а резултатите ќе бидат објавени штом ќе заврши истрагата. До денеска, нема уапсени во врска со тој случај. Во истрагата се вклучени ирански воени претставници.“ – изјави Асгар Јахангир портпарол на судот во Иран. 

Според истрагата на Иранската револуционерна гарда, Ханија бил убиен со помош на „проектил со краток дострел“ лансиран надвор од неговото сместување во Техеран. Иран и Хамас го обвинија Израел за убиството и ветија дека ќе се одмаздат. Израел досега ниту потврди нуту негиираше дека е одговорна за атентатот.

Дел од медиумите во САД пак објавија дека ирансклата полиција веќе уапсила дваесетина лица, меѓу кои дел вработени во разузнавачките агенции, поради сомневање дека соработувале со избршителите на убиството.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на убиени во Газа се искачи на 39.653 откако Израел уби уште 30 Палестинци

Следно

Маките со лекови на пациенти со цистична фиброза никако да престанат

Latest from Blog

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во
Go toTop