СЀ ДОДЕКА НЕ СЕ САНИРА ГЛЕДАЛИШТЕТО НА ТЕАТАРОТ ВО СТОБИ, ТАМУ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИГРААТ ПРЕТСТАВИ

August 4, 2024
1 min read

Фестивалот на античка драма „Стоби“ неколку години се одржува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. Поради реконструкција, реставрација, конзервација и археолошки истражувања на најатрактивниот објект во археолошкиот локалитет Стоби, театарот не може да се користи за одржување на претстави, како дел од манифестацијата која таму се одржуваше од 2001 до 2013. Раководителот на проектот за археолошки истражувања Гоце Павловски, вели дека има уште доста работа додека театарот во Стоби повторно да прими публика.

„Фестивалот му го враќаше духот на театарот и локалитетот. Со него оживуваше и не беше нем споменик на едно време. Публиката со нејзиното присуство ја чувствуваше грандиозноста, но и искусуваше слична програма која се случувала тука пред многу векови. За жал, театарот не може да се користи, сѐ додека не се заврши конзервацијата, реставрацијата, реконструкцијата. Проектот е од 2013 , конзервирани се лежиштата за седиштата, останува да бидат вратени мермерните блокови, за да го ставиме театарот во функција“ , кажа Павловски, кој е археолог во Националната установа „Стоби“.

Во 1992, со претставата „Електра“ почна да се играат претстави во театарот во организација на Велешкиот театар и десетина години беше со по една претстава годишно. Од 2001 започна да се организира Фестивалот на античка драма „Стоби“, кога имаше и по шест-седум претстави во текот на две седмици во летниот период. Последен пат во локалитетот Стоби се одигра претстава во август 2021, но на просторот од Теодосијанската палата кога беше изведена претставата „Орестија“ од Есхил.

„Половината која се користеше за публиката, не може да биде користена оти мермерот се распаѓа, а ѕидовите кои се темел кој ги држи тие блокови, пропаѓаат надолу. Постои опасност и за публиката и за уништување на објектот. Сѐ додека трае проектот не може да се прима публика. Но, доколку во иднина се добијат потребните средства, дали од државата или од некој од фондовите на ЕУ, или трета институција, може да се реконструира оваа половина и како театарите во Охрид или во Хераклеа, да биде место за разни случувања, не само за театарски претстави туку и концерти. Тоа ќе значи популаризација на локалитетот“ , додаде Павловски.

П. ПЕЧКОВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет активни пожари во Македонија, два се во охридскиот регион

Следно

Блискиот исток пред ескалација – МНР со повик итно да се напушти Либан, а да не се патува во Израел

Latest from Blog

Саудиска Арабија ги нападна Хутите, тие вратија со ракети (ВИДЕО)

Нападите беа одговор на поморската блокада наметната од групата поддржана од Иран и нејзините напади врз саудиските бродови. Саудиските власти подоцна издадоа вонредни предупредувања за покраината Џизан откако Хутите ја презедоа одговорноста

Кинеска крајбрежна стража со водени топови пука во филипински бродови (ВИДЕО)

Филипинската крајбрежна стража ја обвини кинеската крајбрежна стража дека пукале со водени топови врз филипинските владини бродови во близина на спорниот Скарборо Шол, втор ден по ред, што е трет судир меѓу

Во Гостивар сега има опасност од жолтица, предупредува Комисијата за заразни болести

Откако во Гостивар беше прогласена епидемија на цревни инфекции поради загадената вода од градскиот водовод, можна е појава и на жолтица како последица, предупредуваат од Комисијата за заразни болести. Од Комисијата велат

Сенегал се жалеше на CAS, одлуката за Купот на Африка ќе се донесе на 8 август

ФОТО:facebook.com/fsfOfficielle Контроверзното финале од Купот на Африка, во кое што Сенегал загуби во дуелот со Мароко, ќе добие уште една епизода. Сенегалците и официјално имаат поднесено жалба на судот за спортска арбитража
Go toTop