Дали е на повидок нова голема војна на Блискиот исток?

August 3, 2024
1 min read

Ќе ескалира ли судирот на Блисакиот Исток. Иранската влада се закани дека ќе му дозволи на Хезболах да ги прошири нападите врз Израел и да не се ограничува само на воени цели.

Одлуката на официјален Техеран следи по убиството на еден од главните команданти на либанското движење но и поради атентатот на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, кој беше убиен во Иран. Американските власти очекуваат Иран да нападне во следните неколку дена.

„Хезболах и израелскиот режим почитуваа одредени линии за напади кои беа преминати. Поради тоа, либанското движење нема да го ограничува својот одговор само на воени цели.“

Во меѓувреме, голема акција на воена полиција на Иран. Уапсени преку 20 лица осомничени за вмешаност во убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија. Меѓу приведените се разузнавачи, воени функционери и персонал во објектот управуван од Иранската револуционерна гарда. Според експертите, во владата постои сериозна загриженост дека атентатот бил овозможен поради голем пробив во безбедноста структура на државата.

„Перцепцијата дека Иран не може да ја заштити ни својата татковина ни своите клучни сојузници може да биде фатална за иранскиот режим, бидејќи во основа им сигнализира на своите непријатели дека ако не можат да ја срушат Исламската Република, можат да ја обезглават.“ – цели Али Ваез од Меѓународната кризна група.

Дека ситуацијата е сериозна јасно покажува и најновата одлука на американските власти да испратат воени бродови и авиони на блискиот исток а ќе биде инсталирана и противракетна одбрана.

Одлуката на САД за зајакнување на воените капацитети во регионот следува по заканите од Иран и Хезбохах дека ќе се одмаздат за убиството на лидерот на палестинско движење „Хамас“, Исмаил Ханија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи се состана со својот етиопски колега во Адис Абеба

Следно

Полицијата ја пронајде исчезнатата Клара на Железничка станица во Скопје

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop