Погребна церемонија за лидерот на Хамас, Ханије

August 2, 2024
1 min read

Погребна церемонија се одржа за шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, кој беше убиен во атентат извршен во Техеран, главниот град на Иран, јавува Анадолу.

На церемонијата во Техеран присуствуваа иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, како и голем број високи цивилни и воени претставници.

Иранскиот лидер Али Хамнеи ја изврши погребната молитва во кампусот на универзитетот во Техеран. Илјадници луѓе чекаа пред портите на универзитетот за да влезат во просторот за молитва, каде што беше дозволен влез само за ограничен број луѓе.

По молитвата луѓето ги исполнија Плоштадот на револуцијата во близина на универзитетот и патиштата што водат кон тоа подрачје. По церемонијата во Техеран, Исмаил Ханије утре ќе биде испратен на последното патување во Доха, главниот град на Катар.

 

Говорејќи пред погребната молитва, претседателот на иранскиот Парламент, Мухамед Бакир Калибаф, истакна дека атентатот на Ханије е извршен во координација на Соединетите Американски Држави (САД).

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден рече дека убиството на Ханијe не е корисно за прекинот на огнот во Газа

Следно

Разговор со Јован Манчевски

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop