„Убиството на Ханије потврди дека приоритет на Нетанјаху не е размената на затвореници“, објави весникот Хаарец

August 2, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Атентатот на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, откри дека прашањето за размена на затвореници не е на главната агенда на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, наведе во својата анализа израелскиот весник „Хаарец“, пренесува Анадолу.

Во написот потпишан од Амос Харел, покрај убиството на Ханије од страна на израелската администрација, се споменува и убиството на Фуад Шукур, еден од високите команданти на Хезболах, во нападот на Бејрут, главниот град на Либан, и убиството на Мохамед ал-Дајф, водачот на бригадите Касам, вооруженото крило на Хамас.

Во него се наведува дека Израел се подготвува за одмазда од Иран, Хезболах и други региони и се посочува дека, со оглед на актуелните настани во регионот, шансите за постигнување договор за размена на затвореници меѓу администрацијата во Тел Авив и Хамас се речиси нула.

Во написот се наведува дека евентуалната одмазда би можела да трае „неколку дена“ и дека се очекува Израел да одговори со контранапад.

Се нагласува дека убиството на Ханије следувало по периодот кога продолжиле индиректните преговори за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас и се додава:

„Јасно е дека премиерот Бенјамин Нетанјаху има свој план и дека враќањето на заложниците дома не е негова најголема желба“.

Во текстот се наведува дека Нетанјаху дејствувал „дволично“ и се посочува дека израелскиот премиер минатата недела им рекол на семејствата на затворениците во САД дека има напредок во разговорите, но набргу по таа изјава тој понудил нови услови, кои би го довеле договорот во „ќорсокак“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меркур, татковина на дијамантите

Следно

Кампањата на Камала Харис во јули собра 310 милиони долари

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop