Стотици Словенци бараат отштета заради ковид вакцинацијата

August 1, 2024
1 min read

Во Словенија е поднесено 221 барање за исплата на отштета заради последици настанати после вакцинирање за ковид.

Како што пренесува Дело, во тамошното министерство за здравство, во 2021 година било поднесено 81 барање за отштета, 105 лани и 35 оваа година.

Веќе биле донесени 97 решенија, 20 случаи се во тек да бидат решени.

Исплатени се пет отштети: една од 20.000 евра за смрт после вакцинирањето а четири од по 60.000 евра за сериозно или трајно оштетување на животни функции. Се работи за лица кои ги примиле првите верзии на ковид вакцината на Астра Зенека.

Бидејќи се работи за чувствителни приватни податоци за здрвјето, не се откриваат детали за сериозните или трајните оштетеувања за кои се исплатени по 60.000 евра.

Случајот со исплатените 20.000 евра не е компензација за таму познатиот случај со смртта на 20 годишната Катја која почина од компликации поврзани со вакцинација со Јансен. Нејзините блиски мораат со тужба и докажување да пријават барање но отштетата сè уште не им е исплатена.

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Делегација на Македонците од Албанија на средба со Сиљановска Давкова, најавена средба и со Мицкоски

Следно

Кои се затворениците кои беа разменети?

Latest from Blog

Шокантни вести од Бразил: Роберто Карлос на итна операција на срцето

Јавноста во Бразил, а и онаа во остатокот од светот е шокирана со веста дека легендарниот Роберто Карлос итно е хоспитализиран поради операција на срцето. Рутински систематски преглед кај фудбалерот нашол здравстени

Коњановски ги покани битолчани на новогодишна прослава пред Офицерскиот дом

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ги повика граѓаните да ја прослават Новата година заедно на платото пред Офицерскиот дом. Тој истакна дека снегот кој ја покри Битола во ноќта пред празникот

СДС лаже за политички прогон: Судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев

Кога СДС обвинува за политички прогон од ВМРО-ДПМНЕ, во случајот со криминалот на Филип Андонов Сокол треба да кажат дека судијата кој го осуди е поврзан со судиите и обвинителите кои го

Градоначалникот Тоневски: Мир, здравје и благосостојба во новата година (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати искрени честитки до сограѓаните по повод Новата година и Божикните празници. Во своето обраќање, тој посака добро здравје, мир, љубов и благосостојба во домовите на

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024

Традиционалните, но и модерните имиња продолжуваат да бидат избор на родителите, кои сè почесто се одлучуваат за кратки и звучни имиња со силно значење. Државниот завод за статистика (ДЗС) во својата публикација  „Северна
Go toTop