Локализиран пожарот кај Пехчево

July 31, 2024
1 min read

Локализиран големиот пожар кој вчера избувна над пехчевското село Негрево. Гасењето на пожарот траеше речиси два дена, откако синоќа се закануваше да го зафати градот Пехчево, заради што градот денеска цел ден беше мобилизиран. 

Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината изразија огромна благодарност до сите нив.

 -Благодарност до Доброволното противпожарно друштво „Пехчево“, ТППЕ Берово, вработени во ПШС „Равна Река“ Пехчево, Шумска полиција – Пехчево, вработени во МВР,  Армијата на РСМ, вработени во Општина Пехчево,  пожарникари од цела Македонија. Исто така благодарност до хеликоптерите на МВР,  ер тракторите на ЦУК, вработени во Центар за управување со кризи, месното население од село Негрево и Пехчево, механизација на повеќе општествено одговорни фирми, доброволци од соседните градови. Добивме и  безрезервна помош од општествено одговорни компании и фирми, истакнаа од Општината.

Апелираа до сите граѓани од Пехчево и околината да внимаваат бидејќи при постоечките високи температури може да настане повторно пожар од големи размери.

Претходно во текот на денот беше отворен пункт за донации каде граѓани од Малешевијата и Пијанец донираа продукти за учесниците во гаснењето на пожарот.

Во пожарот изгоре борова шума, а точната површина на опожарените парцели од Општината и надлежните органи дополнително ќе се утврдува.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Именувани триесетина нови в.д. директори, заменици и национални координатори

Следно

Шефот на турската дипломатија Фидан: „Убивајќи го Ханије, Израел го уби и мирот“

Latest from Blog

Сè помалку рудари во Македонија: вработеноста во секторот паднала за 8%, производството за 10,1% Бројот на вработени

Бројот на вработени во рударскиот сектор во Македонија бележи значително намалување, паралелно со падот на производството. Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2026 година бројот на работници во секторот

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Копилотот на патничкиот авион кој го избоде капетанот во очигледен обид да го собори авионот додека летал кон Израел, бил подложен на радикална исламистичка индоктринација и очигледно имал самоубиствени намери, изјави  израелскиот
Go toTop