НА ИЛИНДЕН ВО ОХРИД СЕ ОТВОРА РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА ГОЛЕМИОТ СЛИКАР ВАНГЕЛ НАУМОВСКИ ЗА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО

July 31, 2024
2 mins read

Во чест на 100 години од раѓањето на сликарот Вангел Наумовски и 70 години од неговата прва самостојна изложба во галеријата „Охридска порта-Љубица“, на Илинден, 2 Август, ќе биде отворена ретроспективната изложба на слики од уметникот кој го воодушеви светот. Наумовски е роден 1924, а почина во 2006.

Семејството на уметникот, особено синот Рубенс, сеќавајќи се на одбележувањата од самите почетоците откога е отворена галеријата, вели дека годинава ќе се направи една ретроспектива во која посетителите ќе имаат една претстава како се движел Вангел во неговиот ликовен израз, а со тоа и во неговата идеолошка поставеност.

„Вангел имаше изрека: ‘Не Париз да го донесеме во Охрид, туку Охрид и Македонија да ги однесеме во Париз“, вели Рубенс Наумовски. (Фото: СДК.МК)

„На овој ден, овде поминале плејада уметници, артисти, поети, академици кои ја збогатувале програмата. Со мојот татко ја нарековме уметност во уметност. 2 Август има симболика, нашиот голем празник Илинден и по тој повод била првата негова изложба. И оваа година започнуваме со камбаните илинденски, потоа Петар Темелковски ќе има рецитал ‘Да се биде Македонец’. Јордан Плевнеш напиша песна за која идејата тлеела во него долги години и ја нарече ‘Песна за бесмртниот Вангел’“, рече на денешната прес-конференција Рубенс Наумовски.

На манифестацијата ќе бидат прикажани и архивски материјали, филмски приказ, за поезијата од Вангел која го открива охридскиот сликар и како создавач, како творец, а ќе има и презентација на „Универзумот на Вангел Наумоски“ од Трајко Митрески која преставува „инспирација од уметник за уметник“.

„Во програмата се вклучени млади луѓе на кои Вангел оставил впечаток не само со неговото творештво, туку и со неговата филозофија. Тие млади контактирале со него или контактирале преку неговата уметност или преку неговите изјави. На некој начин бил и инспирација и мотивација за нивните дела и како еден добар пример дека и од Охрид може да се создава и да се излезе во светот. Вангел имаше изрека: ‘Не Париз да го донесеме  во Охрид, туку Охрид и Македонија да ги однесеме во Париз’. Еден од тие е Владимир Четкар кој ја сфатил неговата смисла и успеал во тоа“, вели синот на Вангел.

Изложбата се органиизра во чест на 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски и 70 години од неговата прва самостојна изложба во галеријата. (Фото: СДК.МК)

Ликовните критичари за Вангел рекле дека тој е сликар од бајките, префинет, суптилен. Жан Мари Дрот уште во 1969 изјавил: „Мислам дека уште покрај двајца други, тој отишол најдалеку во уметноста. Него не би можеле да го вклучиме во наивната уметност, туку пред сѐ во уметноста со почетна голема буква. Наумовски се раѓа со еден гение, без да биде предвиден во оваа организација на светот. По пет, шест или повеќе години, организаторите на општеството пак ќе се потрудат сѐ да предвидат, но и тогаш ќе се роди Наумовски кој ќе им се смее на сите предвидувања“.

„Не само што вели дека е еден од за него тројцата најголеми уметници кои влегле најдалеку, најдлабоко во уметноста, туку посочува дека Вангел бил толку визионер, толку напред, што ги изненадил сите големи предвидувачи, креатори на денешницата во сите сфери, дури и во ликовната критика и до ден денес е загатка“, рече Рубенс Наумовски.

Манифестацијата за првпат е поддржана од Општина Охрид.

С. ВРЕНЦОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Се „крчкаат“ нови измени на Кривичниот законик

Следно

„Атентатот на Исмаил Ханије е државен тероризам“

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop