Поголем дел од штипските населби утре без вода за пиење, се работи на поврзување на главна водоводна линија

July 24, 2024
1 min read

Поголем дел од населбите на територија на Општина Штип утре ќе останат без вода, бидеќи  ќе има градежни активности за инсталирање на нова главна водоводна линија, која ќе овозможи реконструкција на дел од застарената водоводна линија. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече со овие зафати  ќе се подобри состојбата со водоснабдувањето на територија на Општина Штип и ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните.

-Повеќе од 1,5 милиони евра се инвестирани под земја за инсталирање на овие главни водоводни линии во должина од нешто повеќе од четири километри кои опфаќаат нова главна водоводна линија од главната Филтер станица до населба Баби, со што населба Баби ќе го реши долгогодишниот проблем со честите прекини во водоснабдувањето, вели Јорданов

Посочи дека ќе се работи на поврзување на главна водоводна линија на булеварот „Партизанска“, односно за ниска зона која децениски претставуваше проблем, заради честите дефекти и дотраеноста на страта водоводна линија. Штипскиот градоначалник,Јорданов и директорт на ЈП „Исар“, Кирил Зајков ја информираат јавноста и бараат трпеливост, бидејќи активностите се работат по динамичен план за реализација и по однос на реалзирацијата во текот на утрешниот ден ќе има прекини во водоснабудањето во поголеми делови од градот.

-Утре е важен и голем ден бидејќи утре се поврзува повеќе од еден километар нова главна водоводна линија. Поврзувањето ќе се одвива со следниот динамичен план. Во 11 часот вечерва ќе се исклучи главната водоводна линија и без вода за пиење ќе остане поголем дел од градот, односно населбите Баби, Сењак 4 , Осми Ноември, Исарот, Ново село, Пребег и индустрискиот дел заедно со Три Чешми. Четири екипи на ЈП„Исар“ ќе работат на поврзување на поставување на водоводната линија и очекуваме во два часот да биде нормализирано водоснабдувањето, бидејќи станува збор за главна водоводна линија, изјави Зајков.

Тој додаде дека  утре граѓаните не треба да ја користат водата за пиење, а во петок ЈП „Исар“ ќе земе мостри од населбите и ќе потврдат дека водата е исправна за пиење. Со оваа активност која се работи на терен ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во наредните 50 години. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ организираше евакуација на 16 палестински деца и нивните семејства од Египет во Шпанија

Следно

Камала става крај на старата Демократска партија

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop