ЕУ организираше евакуација на 16 палестински деца и нивните семејства од Египет во Шпанија

July 24, 2024
1 min read

Во медицинска операција координирана од ЕУ денеска од од Египет во Шпанија беа евакуирани 16 палестински деца и членовите на нивните семејства, соопшти Европската комисија. 

Оваа прва операција од ваков тип беше финансиски и оперативно поддржана од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и спроведена во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), Палестинскиот детски фонд за помош (ПЦРФ) и властите на сите вклучени земји во неа. 

– Како одговор на активирањето на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ од страна на СЗО, ЕУ целосно ја поддржува координацијата на активностите за медицинска евакуација на палестински пациенти во Европа. Барањето се однесува на насочена медицинска евакуација на голем број деца на кои итна им е потребна медицинска нега, се додава во соопштението. 

Еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич изрази благодарност до Шпанија и останатите земји членки на ЕУ вклучени во операцијата за понудената помош и нивната посветеност за поддршка на Палестинците на кои им е потребна итна медицинска помош. 

– Во време кога болниците што преостанаа во Газа се преоптоварени и пристапот до здравствена заштита е сериозно ограничен поради тековната војна, медицинските евакуации се посуштински од кога било, оцени Ленарчич.  

Според него, Израел и сите актери вклучени во овие операции мора да продолжат да ја покажуваат својата посветеност и да овозможат продолжување на евакуацијата. 

Еврокомесарката за здравство и безбедност на храна Стела Киријакидес истакна дека ЕУ мора да ги удвои своите напори за да обезбеди сигурна медицинска евакуација на оние на кои им е потребна, особено на децата. 

– Како што се влошува здравствената и хуманитарна трагедија во Газа, ранливите пациенти остануваат без третман и грижа што им се потребни, додаде Киријакидес.  

Помош за медицинска евакуација, вклучувајќи и третман на пациентите и нивни транспорт досега понудија седум земји членки на ЕУ – Белгија, Италија, Луксембург, Малта, Романија, Словачка и Шпанија. 

Координативниот центар на ЕУ за одговор при итни случаи (ЕЕРЦ) во координација со здравствените и конзуларните служби и соодветните делегации на Унијата е во контакт со земјите-членки, СЗО и сите релевантни партнери за да ги олеснат овие операции кои се очекува да продолжат во наредните недели. 

Оваа година 32,5 милиони евра или 23  отсто од хуманитарниот буџет на ЕУ е наменет за активности поврзани со здравствени активности во. Од почетокот на јануари, ЕУ го поддржува и центарот за координација на медицинскиот тим на СЗО за итни случаи во Газа, стациониран во Каиро, во кој се вклучени и 22 експерти од ЕУ и од земјите вклучени во Механизмот за цивилна заштита на Унијата. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије ги следи сите чекори на Грција, интервенира во случај на потреба

Следно

Поголем дел од штипските населби утре без вода за пиење, се работи на поврзување на главна водоводна линија

Latest from Blog

Кина претстави пакет мерки за вработување

Целта е да се задоволи побарувачката за работна сила во клучните сектори и да се искористи потенцијалот за вработување, а воедно да се подобри квалитетот на работните места, објави Ксинхуа. За да

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме најповолни услови за задолжување, фискалната стабилност останува приоритет

19 мај 2026 година, Скопје– Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции

Мареска има усмен договор со Манчестер Сити

Фото: Челзи/Твитер Откако стана јасно дека Пеп Гвардиола нема повеќе да биде менаџер на тимот на Манчестер Сити, секако дека светот е во искечување на неговиот наследник. Според медиумите во Англија, тоа
Go toTop