ЕУ и го одзеде правото на Унгарија да го организира министерскиот состанок во Будимпешта

July 23, 2024
1 min read

Се вжештува атмосферата во Европската Унија – Унгарија ќе биде лишена од должноста да биде домаќин на состанокот на ЕУ во август.

По средбата на шефовите на дипломатии во Брисел, Жосеп Борел порача дека Унгарија треба да сноси последици и испрати остри критики до унгарскиот премиер Виктор Орбан, за средбите со Путин и Џинпинг, кои самиот Орбан ги нарече „мировна мисија“.

– 25 земји членки ги критикуваа потезите на Унгарија. Исто така и со одговрностите за ротирачкото претседателство. И скоро сите земји – членки инсистираа на потребата да се задржи единството. Јас потсетив на должноста за лојалност според членот 24, точка 3, од договорот на Европската Унија, кој не служи за украс. Тоа не се празни зборови. Вистина е, земјата – членка има суверено право на надворешна политика, но се додека се членки на овој клуб, мора да ги почитуваат договорите, а особено овој член. – изјави Борел.

Состаноците на министрите на ЕУ, според агендата треба да се случат од 28 до 30 август, но сега наместо во Будимпешта, ќе бидат во Брисел. За Унгарија, ваквата одлука на Борел е „комплетно детска“, а унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на Фејсбук порача:

– Каков фантастичен одговор смислија. Не сакам никому да ги повредам чувствата, ама се чувствувам како да сме во градинка. – напиша на фејсбук Питер Сијарто од МНР на Унгарија.

Инаку, секои шест месеци, се организираат состаноци на министрите за надворешни и министрите за одбрана во земјата претседавач. Унгарија претседава со ЕУ од 1ви јули, па се до крајот на 2024та.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи на ПКК, меѓу кои и еден од црвена потерница

Следно

Кузеска: Панче Тошковски и Игор Јанушев имаат станови во поклонетиот имот на Јанушев

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop