Во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи на ПКК, меѓу кои и еден од црвена потерница

July 23, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турското Министерство за одбрана соопшти дека четворица терористи на ПКК, меѓу кои и Јусуф Калкан, кој беше на црвената листа, се неутрализирани во воздушна операција извршена во Северен Ирак, јавува Анадолу.

Министерството соопшти дека четворица терористи на ПКК се неутрализирани во воздушна операција спроведена во областа на антитерористичката операција „Канџа“ во Северен Ирак.

Утврдено е дека еден од неутрализираните терористи бил идентификуван како Јусуф Калкан, со кодно име Севкан Целе. Терористот бил на црвената листа на потерници за тероризам. Тој се бара за сторени кривични дела „членување во вооружена терористичка организација“ и „основање или водење вооружена терористичка организација“.

Потерниците во Туркије се поделени во пет категории по боја, од кои најбарана е црвената, а потоа сината, зелената, портокаловата и сивата боја.

Турските власти го користат терминот „неутрализирање“ за да имплицираат дека терористите за кои станува збор се предале или биле убиени или заробени.

ПКК е сепаратистичко-терористичка организација што е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сирискиот огранок на ПКК.

Планинските региони Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк, Зап и Хафтанин се наоѓаат на северот на Ирак и се главни упоришта на терористичката организација ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шест Палестинци загинаа во израелското бомбардирање на семејна куќа во Газа

Следно

ЕУ и го одзеде правото на Унгарија да го организира министерскиот состанок во Будимпешта

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop