Весна Јаневска: Менуваме закони, младите таленти ќе ја добијат поддршката што ја заслужуваат

July 23, 2024
1 min read

„Министерството за образование и наука и Владата ги менуваат политиките кои значат грижа и посветеност кон талентираните ученици. Ќе ги смениме законите и ќе обезбедиме поголем буџет“, соопшти на својот Фејсбук профил министерката за образование Весна Јаневска.

Таа ветува дека промените за поддршка на талентираните законски и практично ќе се случат наскоро.

– Овие деца се предводници на своите генерации. Гордо стојат на македонската химна и го веат знамето на татковината, додека организаторите на меѓународни научни олимпијади и престижни ученички натпревари им доделуваат награди и признанија за постигнатите успеси. Искрено им честитам на достигнувањата и им благодарам што со своите знаења, достојно ја претставуваат Македонија во светот. – напиша Јаневска.

Таа посочува дека веќе контактирале со дел од здруженијата кои ги подготвуваат учениците за натпреварите. Бидејќи дел од натпревари се во тек, средбата со нив се планира кон средината на август.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во израелските напади на Појасот Газа досега се убиени 39.090 Палестинци

Следно

Сега па Трамп е стариот

Latest from Blog

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дискусијата за проширувањето на Европската Унија добива нова динамика преку серија „нон-пејпери“ и предлози од државите членки, поттикнати од потребата за итно решавање на статусот на Украина, но и од притисокот да
Go toTop