Во израелските напади на Појасот Газа досега се убиени 39.090 Палестинци

July 23, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската Армија уби уште 84 Палестинци во нападите во Појасот Газа, со што вкупниот број загинати од 7 октомври минатата година достигна 39.090, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се додава дека околу 90.147 други се повредени во нападот.

„Израелските сили убија 84 луѓе и повредија 329 други во осум ‘масакри’ врз семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството, истакнувајќи дека 73 од нив биле убиени во Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Прекршувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

По повеќе од девет месеци по почетокот на израелските напади, големи делови од Газа се во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЕПСО со заем од ЕБОР ќе ја зајакнува преносната мрежа

Следно

Весна Јаневска: Менуваме закони, младите таленти ќе ја добијат поддршката што ја заслужуваат

Latest from Blog

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија – МБИ10 со благ пад од 0,07%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 23 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,07% и заврши на 9.949,44

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Гризман продолжува во МЛС и ќе игра за Орландо

фото: rubén (X) Ветеранот Антоан Гризман, и дефинитивно се сели во САД. Некогашниот репрезентативец на Франција ќе ги искористи овие неколку слободни денови, и ќе замине преку Атлантикот за да го комплетира

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за
Go toTop