МЕПСО со заем од ЕБОР ќе ја зајакнува преносната мрежа

July 23, 2024
3 mins read

Мрежите за пренос на електрична енергија во Северна Македонија треба да се модернизираат бидејќи се стари со децении и во моментов го попречуваат приклучувањето на новите обновливи извори на енергија.

Овие прашања беа истакнати на денешното потпишување на договор за заем од 26,4 милиони евра меѓу АД МЕПСО и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за обнова на преносната мрежа во југоисточниот регион на земјата.

Парите, како што беше кажано, се наменети за МЕСПО да го модернизира преносниот капацитет во овој дел на земјата во насока на усогласувањето со планот за декарбонизација на Северна Македонија според Зелената агенда.

Се заемот се предвидува изградба на нова трафостаница и обнова на 110 киловатен далновод којшто ќе овозможи приклучување на нови капацитети од 1170 мегавати од обновливи извори кои стојат неприклучени.

„Проектот ќе има сериозно влијание со намалување на загубите за пренос со 14,4 гигавати и намалување на емисиите на CO2 до 8.158 тони годишно. Ова ќе го трансформира енергетскиот пејзаж на Северна Македонија. Клучно е дека ќе овозможи поврзување на дополнителни 1,2 гигават од обновливи извори, коишто во моментов не може да бидат поврзани затоа што имаме застарени потстаници во југоисточниот регион“, рече претседателката на ЕБОР Одил Рене Басо.

Таа договорот денеска го потпиша со директорот на АД Мепсо Зуди Енуз. Иако беше поставено новинарско прашање под кои услови МЕПСО го зема заемот од ЕБОР, не беше даден јасен одговор.

Рене Басо кажа само дека дел од заемот доаѓа од ЕБОР и дека е на 5 години по комерцијални услови, дополнет со инвестициската рамка за Западен Балкан за да се дојде до севкупниот износ на проектот од 34,7 милиони евра.

Според соопштението на ЕБОР, кредитот ќе се користи за финансирање на изградба на 400/110 киловати под-станица блиску до Милетково и ново 11 киловатно преносено поврзување со далновод. Исто така и за рехабилитација на постоечкиот 10 киловатен далновод и под-станиците во и помеѓу Милетково, Валандово и Струмица.

Северна Македонија има поставено амбициозни цели за енергетска транзиција, но и покрај тоа во изминативе години беа игнорирани меѓународните обврски и домашните стратегии и планови.

Меѓу последните вакви примери беше планот за отворање на нов рудник за јаглен во Пелагонискиот регион, во услови на зависност од јаглен на енергетскиот сектор, додека термоелектраните во државата не ги исполнуваат стандардите за животна средина.

Меѓу меѓународните обврски е и Декларацијата за Зелена Агенда којашто Северна Македонија ја потпиша на Самитот во Софија во ноември 2020 година заедно со земјите од Западен Балкан.

Со тоа земјата се обврза дека ќе спроведува мерки за спречување на климатските промени и загадувањето, развојот на енергија, сообраќајот, циркуларната економија, одржливо земјоделство и производство на храна. Целта е да биде постигната климатска неутралност на целиот европски континент до 2050 година.

Зелената Агенда повеќе е насочена кон производните капацитети на земјата како термоелектраните кои треба да го напуштат јагленот, но модернизацијата на АД МЕПСО ,исто така, е важен дел за мрежата за да може да ги приклучува постојните, но и новите обновливите извори на енергија, како што вели за РСЕ професор Атанаско Тунески.

Тој смета дека ќе биде добро заемот на ЕБОР од 26,4 милиони евра да се искористи за модернизација на мрежата на со оглед на сегашната состојба

„Прашање е кога последен пат било инвестирано во преносната мрежа. Треба да се види до каде е далекуводот за Албанија, бидејќи според моите информации тој не напредува како што треба. Треба да се види дали МЕПСО е во добра финансиска состојба и за самата повеќе да инвестира во модернизација на мрежата“, вели Тунески.

На денешното потпишувањето на договорот за заем беше кажано дека проектот вклучува и поддршка за развој на мастер план за мрежи во кој ќе бидат идентификувани клучните инвестиции кои се потребни во мрежата за распоредување на нови обновливи извори, но и дека ЕБОР во моментов финансира неколку клучни проекти на МЕСПО, вклучително и поврзувањето со Бугарија и Албанија.

На потпишувањето на договорот меѓу ЕБОР и АД МЕПСО присуствуваа и евроамбасадорот Дејвид Гир и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Божиновска рече дека енергетиката е приоритет на оваа влада, вклучително зајакнувањето на електропреносните капацитети преку реконструкција и ревитализација на постојните далеководи. Таа рече дека ќе се потрудат да ги исполнат сите обврски од договорите што ги потпишуваат со ЕБОР за МЕПСО да не плаќа пенали за неисполнување на обврските како што било случај со некои проекти пред неколку години.

„Овој проект е дел од зелената агенда. Проектот ќе биде заокружен со развој на центар за обука на електро-преносни оператори во југозападниот дел на нашата земја, практично регион кој е најмногу засегнат од транзицијата на земјата кон зелената транзиција“, рече Божиновска.

Евроамбасадорот Дејвид Гир наведе дека ваквите проекти ќе и помогнат на земјата да ја достигне својата цел за постигнување на 66 проценти производството на енергија од обновливи извори до 2030 година.

„Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Северна Македонија, затоа што инвестицијата во енергетска инфраструктура е двигател за регионалниот развој и економскиот раст“, рече Гир.

Вкупната вредност на проектот е 34,7 милиони евра од кои 26,4 милиони се обезбедуваат со заем од ЕБОР а 7,6 милиони евра се обезбедени од од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан на ЕУ и половина милион евра од Климатскиот фонд. ЕБОР како иституционален инвеститор во Северна Македонија наведува дека досега има инвестирано над 2,8 милијарди евра во 190 проекти во земјата.

Последниот проект за модернизација на мрежата доаѓа во услови на наплив на инвестиции во фотоволтаици во земјава со кои само за две години инсталирани се капацитети од над 600 мегавати.

Извор: Радио Слободна Европа

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

МАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА ЌЕ НЕМА КАНДИДАТ ЗА ОСКАР, ВЕЛИ ДРУШТВОТО НА ФИЛМСКИ РАБОТНИЦИ

Следно

Во израелските напади на Појасот Газа досега се убиени 39.090 Палестинци

Latest from Blog

Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без

Николоски: Со Албанија ќе ја зајакнеме заштитата на Охридското Езеро

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информираше дека денеска во Владата била одржана значајна средба со амбасадори на УНЕСКО, на која се разговарало за приоритетите на Македонија во областа

Божиновска: Зелената транзиција е патот до почист воздух и посилна економија

„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива.Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје,

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, денеска оствари средба  со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво  “Илинден”-Тирана. Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото
Go toTop