Фон дер Лајен по телефонскиот разговор со Бајден: ЕУ и САД се соочуваат со заеднички предизвици

July 21, 2024
1 min read

ЕУ и САД се соочуваат со заеднички предизвици, изјави Урсула фон дер Лајен, која пред неколку дена беше реизбрана за претседател на Европската комисија, откако синоќа телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, јави ДПА.

Бајден ѝ честиташе на Фон дер Лајен за почетокот на нејзиниот втор мандат како шеф на извршната власт на ЕУ, а двајцата лидери разговараа за поддршката за Украина и за напорите за подведување на Русија под одговорност за нејзината агресија, се вели во соопштението за печатот на Белата куќа.

Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс напиша дека ЕУ и САД се соочуваат со заеднички предизвици во Европа, Блискиот Исток и Индо-пацифичкиот регион.

Таа додаде дека Брисел и Вашингтон се „партнери, пријатели и сојузници“.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските демонстранти бараат договор за размена на заложници и предвремени избори

Следно

Во Скопје 103 санкционирани возачи

Latest from Blog

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во
Go toTop