ИјЗ: Внимателност кај граѓаните кои патуваат во земји каде се евидентираат болести кои се пренесуваат со комарци

July 19, 2024
1 min read

Триесет и четиригодишен жител на Кочани е вториот регистриран случај на западно-нилска треска во земјава. Како што информираат од ИЈЗ, со вирусот се заразил додека бил на патување во Тунис кон крајот на минатиот месец.

Првите симптоми ги добил една недела по враќањето во земјава. По седумдневно болничко лекување, завчера бил пуштен дома во добра состојба.

– Првичните симптоми кај пациентот започнале на 07-ми јули со фебрилност, треска, малаксаност, болки во мускули, главоболка и колапс. Со Итна медицинска помош е пренесен во Општата болница – Кочани. Поради перзистирање на фебрилноста, на 09-ти јули, пациентот е префрлен во инфективното одделение при Клиничка болница – Штип. Пациентот бил хоспитализиран во Штип во периодот од 09-15 јули и е испишан во добра здравствена состојба. – велат од Институтот за јавно здравје.

Од Институтот за јавно здравје велат дека одделот за епидемиологија на заразни болести ја следи состојбата и апелираат на внимателност особено кај граѓаните кои патуваат во земји каде се евидентираат болести кои се пренесуваат со комарци.

– Патниците кои патуваат/престојуваат во земји или предели каде се евидентираат болести кои се пренесуваат со комарци, задолжително да употребуваат репеленти за време на престојот. По враќањето дома, овие лица да бидат свесни за можното нивно заразување додека престојувале во такви предели, и да ја следат својата здравствена состојба. Доколку се појават симптоми на заболување, веднаш да побараат лекарска помош и да го известат докторот за скорешниот престој во предели каде што егзистираат болести кои се пренесуваат со комарци. – – велат од Институтот за јавно здравје.

Според информациите на ИЈЗ, околу 80% од инфекциите кај луѓето поминуваат без манифестација на симптоми. Останатите 20% симптоматски инфекции, најчесто се манифестираат како треска која поминува сама од себе, а кај помалку од 1% кај заразените се развиваат потешки симптоми.

Првиот регистриран случај со западно нилска треска беше во април кај жител од Василево. И во овој случај заболениот претходно патувал во странство.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Виктор Орбан со дрвја и камења распали по Урсула Фон дер Лајен

Следно

СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЌЕ СЛАВАТ 90-ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ И 95 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Latest from Blog

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на
Go toTop