Амбасадорите именувани од претходната власт на рапорт

July 17, 2024
1 min read

Македонскиот амбасадор во Италија Весел Мемеди, денеска на рапорт во МНР – покрај вербална, Муцунски ќе чека и писмена изјава од Мемеди, за да донесе одлука за понатамошни мерки. Според извори на ТВ 24, попладнево во просториите на министерство, по повеќе од еден час консултации, меѓу шефот на дипломатијата Муцунски и амбасадорот Мемеди, донсесена е одлука да се чека писмена изјава од амбасдорот Весел Мемеди, во која треба да се изјасни за испратената нота, во месец февруари,  до италијанските власти, дека се неважечки патните исправи со името Република Македонија. Според нашите информации, врз основа на писмената изјава, МНР ќе одлучи, кои и какви мерки ќе бидат превземени. 

Работата на Мемеди беше под лупа на јавноста, откако во февруари, амбасадорот, наводно, на своја рака ги известил италијанските власти, дека се неважечки патните исправи со старото уставно име на државата-Република Македонија. МНР тогаш ја отповика нотата и најави дека се спроведува интерна постапка за утврдување на одговорност за расчистување на случајот. 

Епилог се чека и за ситуацијата со амбасдорот во Тирана, Данчо Марковски, кој веќе беше на консултации во МНР, откако пописот во Албанија, покажа двојно помалку Македонци а значително поголема бројка на Бугари. Според информации на ТВ 24 , Марковски сепак ќе биде вратен во Тирана и ќе продолжи да ја извршува должноста амбасадор. Шефот на дипломатијата Муцунски, пред една недела, од Вашингтон, порача дека е загрижен од информациите кои биле споделени на состанокот со Марковски, но не сакаше да открие детали. Изјави дека планира на затворена седница на Владата да информира за тоа што се случувало во последните месеци и години во македонската дипломатија. 

На рапорт во МНР се чека и македонскиот амбасадор во Обединетите Нации, Љубомир Фрчкоски, кој е повикан поради наводна злоупотреба на средства од службената картичка. Фрчковски ги отфрли овие наводи како невистина и порача дека не е проблем да се повлече ако не е погоден на идеологијата на новите власти, но дека е срамен начинот, за кој вели дека е конструкција на валканици. Фрчковски во моментот е на боледување, а според информациите не е во земјава. Телевизија 24 се обиде да го исконтактира, но одговор нема. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден остро го нападна Трамп за прв пат по атентатот: „Лаже како ѓавол“

Следно

Судот на ЕУ ја критизираше Комисијата за договорите за вакцини

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со „Зелникот на баба“ стана центар на вкусот и македонската култура

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека манифестацијата „Зелникот на баба“ годинава ги надминала сите очекувања, привлекувајќи повеќе од 8.000 посетители. Според него, мирисот на тазе печен зелник и звукот на

Меџити: Фитр Бајрам носи порака за мир, солидарност и хармонија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на традиционалната прослава на Фитр Бајрам, организирана од Исламска верска заедница, по покана на Реисул Улема, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи. „Вечерва го прославивме Фитр

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението
Go toTop