Вучевиќ: Проектот „Јадар“ вратeн во почетна фаза, но тоа не значи и дека ќе се ископува литиум

July 17, 2024
1 min read

Студијата на компанијата „Рио Тинто“ за заштита на животната средина не е доволна, проценка ќе направи и надлежното министерство, изјави српскиот премиер Милош Вучевиќ по потврдата дека проектот „Јадар“ се враќа во почетна фаза. Тој наведе и дека владината уредба не значи дека ќе се ископува литиумот, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тие (Рио Тинто) треба да почнат од почеток ако сакаат да работат на тоа, а потоа ќе го направиме тоа сите заедно, и тука ја поканувам стручната јавност да се вклучи, и сите заедно да следиме што е тоа што ќе биде претставено како евентуално концепт за ископување на јадарит и литиум, изјави Вучевиќ на РТС.

Премиерот на Србија нагласи дека Владата не е застапник на интересите на ниту една приватна компанија или друга држава.

-Ме интересира само што добива Србија, кои се економските и политичките предности за граѓаните на Србија. Тоа значи дека ме интересира грижата за здравјето на луѓето, да ја заштитам животната средина, да ги зачуваме нашите потоци, реки, ливади, шуми, воздухот и водата, кажа Вучевиќ.

Тој додаде и дека германскиот канцелар Олаф Шолц најверојатно во петок ќе го посети Белград, но дека оваа информација не е официјално потврдена.

-Не можам да кажам дека е сигурно, но има шанси, кажа Вучевиќ запрашан за неофицијалните најави дека Шолц ќе го посети Богград и дека темата ќе биде литиумот.

-Не гледам што тоа не е во ред. Па, тоа значи дека ја имаме предноста во наши раце, оцени Вучевиќ.

Тој додаде дека државата нема да се согласи на минимум, туку ќе бара максимум заштита на животната средина.

-И потоа да разговараме за она што тие го дефинираа како синџир на вредност, да разговараме за економијата и да видиме што тоа носи за српската економија. Значи, не е прашање на суровини, прашање е дали доаѓаат фабрики и какви фабрики, кажа тој.

Вучевиќ потенцира дека литиумот како критичен минерал претставува геополитичката предност на Србија која треба да се искористи и дека власта нема да дозволи насилство кое, како што наведува, го најавува дел од опозицијата по усвојувањето на Уредбата со која проектот „Јадар“се враќа на состојба од пред 2022 година, т.е. во почетна фаза.

Според него, секој може да го каже своето мислење, но не смее да врши насилство.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Изолирано амазонско племе забележано во близина на место за сечење дрвја во Перу

Следно

Заробените од огнот на планината Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop