Куртулмуш: Никој нема да ни држи лекции за демократија, најскапо платена е турската демократија

July 16, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш, изјави дека најскапо платената демократија во светот е турската демократија и дека нема да дозволи некој да покажува со прст кон Туркије и да ѝ дава лекции за демократијата, јавува Анадолу.

Говорејќи на панел-дискусијата „15 јули, победа на народот“ што се одржа во Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, Куртулмуш рече дека е важно да се разбере 15 јули, една од најважните пресвртни точки во поновата и идната историја на Туркије.

„Многу работи се случија вечерта на 15 јули. Како некој што ја доживеа таа ноќ во сиот нејзин интензитет, јасно можам да кажам дека доколку работите тргнеа во друга насока помеѓу 22:30 и 1:30 часот, немаше да бидеме денес овде. Тој ден доживеавме ноќ на неверојатно испреплетени заговори“, изјави Куртулмуш и додаде:

„Знаеме, без сомнеж, дека во оваа ноќ на предавство, не беа само некои актери одвнатре, туку и групи однадвор кои го следеа развојот на настаните од момент во момент, даваа инструкции и се обидуваа да го отворат патот на внатрешната банда.“

Претседателот на турскиот Парламент истакна дека ноќта на 15 јули турскиот народ бил сведок на едно од најтешките предавства во турската историја на овие простори, а фактот дека значителен дел од пучистите подоцна одговараа пред судовите, ја ублажи таа болка.

Тој нагласи дека 15 јули е еден од најголемите херојски епови во турската историја.

„Можеме да кажеме дека демократијата за која е платена најголема цена во светот е демократијата на Туркије. Затоа никогаш нема да дозволиме никој да ни држи лекции за демократија или да покажува со прст кон Туркије и турскиот народ“, рече Куртулмуш.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој престојува во Соединетите Американски Држави, чија екстрадиција Туркије официјално ја побара од САД.

Припадниците на оваа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО инфилтрирани во судството на Туркије се обидоа да гонат голем број високи функционери со монтирани судски процеси за наводна корупција.

Неколку години подоцна следуваше крвавиот обид за државен удар од страна на терористите на ФЕТО, односно обидот за државен удар извршен од офицерите што ФЕТО ги инфилтрирал во турската Армија.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа што претставува опасност не само за Туркије туку и за секоја друга земја во која е активна. Во повеќе наврати на ова укажаа и турските власти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Рускиот министер за надворешни работи Лавров пристигна во Њујорк за состанокот на СБОН

Следно

Доналд Трамп официјално кандидат за претседател на САД

Latest from Blog

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи

ЛШ: Челзи се „коцкаше“ и едвај извади реми со Карабах, Пафос победи за историја (ВИДЕО)

Уште на стартот на денешните пресметки во Лигата на шампионите бевме сведоци на две изненадувања. Карабаг и Челзи одиграа нерешено 2-2 во Баку, додека Пафос го победи Виљареал со 1-0 во Лимасол.

Меџити: Ахмети ја загуби битката поради две стратегиски грешки

Скопје, 5 ноември – Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Дебат во Шења“, истакна дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, направил две стратегиски грешки на локалните избори. „Првата е што шест-седум

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата

Околу српскиот парламент распоредени полициски сили: Собири на приврзаници на власта и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад (ВИДЕО)

Поддржувачи на српските власти се собираат попладнево во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, место што спроти Собранието, а се одделени со ограда и голем кордон полиција во опрема за
Go toTop