Рускиот министер за надворешни работи Лавров пристигна во Њујорк за состанокот на СБОН

July 16, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес пристигна во Њујорк за да учествува на седниците на Советот за безбедност на ОН на 16 и 17 јули за време на руското претседателство, кое започна на 1 јули, јавува Анадолу.

„Делегацијата на Сергеј Лавров пристигна во Њујорк за да присуствува на состаноците на Советот за безбедност на ОН под руско претседателство“, објави на Телеграм портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

Подоцна во текот на денот Лавров ќе претседава со дебата на министерско ниво насловена како „Мултилатерална соработка за формирање на поправеден, демократски и одржлив светски поредок“.

Тој утре ќе го води министерскиот состанок за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и за палестинското прашање, се вели во одвоеното соопштение од Министерството.

Рускиот министер за надворешни работи, исто така, ќе се вклучи во серија билатерални состаноци на кои ќе се разговара за меѓународни и регионални прашања, вклучувајќи го Блискиот Исток и ситуацијата во Газа, украинската криза и напорите за одбрана на Повелбата на ОН.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАЈЛОШИ ХОРОСКОПСКИ ПАРОВИ: Лав и Шкорпија никако, Бикот сака блискост, Водолијата слобода

Следно

Куртулмуш: Никој нема да ни држи лекции за демократија, најскапо платена е турската демократија

Latest from Blog

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор

Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби. Предлози
Go toTop