Германија „сериозно“ ја сфаќа руската воена закана дека на нишан ќе ги има европските престолнини

July 15, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германија денес соопшти дека сериозно ги сфаќа руските воени закани дека ќе ги нишани европските метрополи, по одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) да распоредат ракети со долг дострел во Германија, јавува Анадолу.

Осврнувајќи се на изјавите на Москва минатата недела дека европските земји ќе се доведат во опасност доколку прифатат распоредување на американски ракети со долг дострел, портпаролот на германската Влада, Штефен Хебестрајт, рече дека „таквите изјави секогаш треба да се сфаќаат сериозно“.

„Мислам дека тие не се вредни како вест, бидејќи тоа е веќе реакција на фактот дека руската Влада и руската војска веќе таргетираа европски метрополи“, рече тој на брифингот со новинарите во Берлин.

Истакна дека неговата земја „нема да биде исплашена“ од руските закани.

„Овие акции првенствено имаат за цел да ѝ наштетат на безбедноста на нашата земја“, изјави минатата недела рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Опишувајќи ги акциите на САД како „една алка во синџирот на ескалација“, тој рече дека Русија ќе ја анализира ситуацијата и ќе одговори на „мирен, професионален начин“. „Без нервоза, без емоции, ќе разработиме, пред сè, воен одговор на оваа нова закана“.

Белата куќа на 10 јули соопшти дека САД ќе започнат со „епизодното распоредување на можностите за палба со долг дострел на нивната работна група во Германија во 2026 година, како дел од планирањето за трајно позиционирање на овие можности во иднина“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Шпанија заработи вистинско богатство со освојувањето на ЕП

Следно

ШК Мулти Есенс ја искористи својата прва шанса за пласман во елитната дивизија

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop