Туркије испрати 2 авиона и 1 хеликоптер за да ѝ помогне на Северна Македонија во борбата против шумските пожари

July 15, 2024
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Туркије денес испрати два авиона и хеликоптер во Северна Македонија за поддршка во борбата против шумските пожари, изјави турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли, јавува Анадолу.

„Ние сме на должност за шумите, нашето заедничко наследство. За поддршка на борбата против тековните шумски пожари, 2 наши авиона и 1 хеликоптер отидоа во Северна Македонија. Ги пренесувам моите најдобри желби до населението на Северна Македонија и им посакувам на нашите тимови успех во нивните должности“, напиша министерот Јумакли на социјалната мрежа Х.

Директорот на Центарот за управување со кризи на Северна Македонија, Стојанче Ангелов, соопшти дека помошта од Туркије пристигнала на аеродромот во Скопје.

Седум шумски пожари ја зафатија Северна Македонија што ја поттикна Владата да прогласи кризна состојба.

Повеќе од 100 хектари шума се изгорени за време на викендот и покрај напорите на пожарникарите.

Кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија ќе трае 30 дена, се вели во соопштението на Владата.

Покрај алармирањето на медицинскиот персонал, Владата одобри и ангажирање на полицијата и Армијата во борбата против пожарите.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно најави дека помош во борбата против пожарите наскоро ќе пристигне од Србија, Словенија, Црна Гора и Туркије.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека добиле барање за помош од Северна Македонија.

Дачиќ рече дека Србија ќе испрати хеликоптери за гаснење на пожарот.

Мицкоски денес рече дека очекува шумските пожари да бидат ставени под контрола „утре или најдоцна заутре“.

Северна Македонија денес забрани движење во шумите од 6 до 20 часот.

Министерството за земјоделство и шумарство соопшти дека забраната ќе трае сѐ додека не се намали ризикот од шумски пожари.

Земјите од регионот, меѓу кои и Северна Македонија, минатата недела издадоа предупредување за екстремни временски услови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот израелски министер за одбрана Либерман: Војниците ги мачат кошмари, економијата е во колапс

Следно

Трамп: Ќе повикам на национално единство, ова е можност да се обедини целата земја, дури и целиот свет

Latest from Blog

Божиновска: Со Бугарија отвораме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Белград оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, во рамки на Вториот министерски самит на Македонија, Бугарија, Грција и

6,2 милиони денари промет на берзата: Алкалоид и Комерцијална банка во фокусот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 06.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.997,17 поени. Во однос

Коњановски: Просторниот план е важен за иднината на Битола и Пелагонискиот регион

Во Битола денеска се одржа регионална јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Македонија до 2040 година, со посебен акцент на Пелагонискиот плански регион. Јавната расправа се одржа во салата
Go toTop