Експерти тврдат дека Олимписките игри во Париз ќе бидат предмет на голем број кибер напади од Русија

July 15, 2024
1 min read

Финска компанија за кибер безбедност очекува Олимписките игри во Париз да бидат предмет на голем број кибер напади, особено од руски хакерски групи, се вели во студијата објавена денеска, јави ДПА.

Експертите од финската компанија за кибер безбедност WithSecure изјавија дека организаторите на овогодинешните ЛОИ во Париз треба да се подготват за поголем ризик од кибер напади од претходните изданија „поради геополитичките превирања“.

Во својот извештај, компанијата ја посочи Русија како најверојатен извор на кибер напади, при што експертите тврдат дека идентификувале три групи кои имаат намера да го нарушат нормалното одвивање на игрите – групи спонзорирани од Москва, приватни хакерски активисти и обични кибер-криминалци.

На руските и белоруските спортисти им е дозволено да се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз само под неутрално знаме поради војната на Москва во Украина. Тие исто така се исклучени од учество на свеченото отворање и не смеат да имаат никаква поврзаност со војската, напомена ДПА.

WithSecure исто така гледа зголемен ризик од кибер напади од хакери од Кина, Северна Кореја и Иран. Експертите исто така ги посочуваат хакерските групи и организираните кибер-криминалци надвор од Русија како потенцијален фактор на ризик. Главната цел на напаѓачите ќе биде да се пробијат во мрежите на организаторите за да ги шифрираат податоците и да го нарушат одржувањето на настанот, велат експертите.

Според студијата, основните мрежи на Олимпијадата се добро заштитени од кибер напади, што значи дека ризикот од прекин е низок до умерен.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Здружение на судии: Разочарани сме од Уставниот суд кој наместо да ја штити уставноста на законите, се занимава со популизам

Следно

ФОТО: Кејт Мидлтон секоја година на Вимблдон носи моден детаљ кој има скриено значење

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.
Go toTop