ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД ИЗГРАДБАТА НА СЕДИШТЕТО НА ЏЕЗ-ОРКЕСТАРОТ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВЕЛИ ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ ЌЕ ИМА ПАРИ И СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ

July 15, 2024
1 min read

Уште не се готови просториите доделени на Националниот џез-оркестар, кои ги доби како траен дом од Владата, иако беше најавено дека бидат завршени до крајот на мај или јуни. Реконструкцијата на просторот под Националната опера и балет (НОБ) на 14 март беше најавена од тогашната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Од кабинетот на министерот за култура Зоран Љутков, кој е на функцијата од 24 јуни, ни рекоа дека предвидените работи за прва фаза согласно договорот се целосно реализирани.

„Предвидените позиции за реализација од првата фаза од проектот (фаза архитектура, машинство, електрика и водовод и канализација) се изведени квалитетно и во согласност со основниот проект и предмерот утврден помеѓу ТАВ ТЕПЕ АКФЕН и Министерството за култура. За првата фаза од изведбата извршен е технички прием и периодично испитување на инсталацијата од страна инспекциско тело и доставен е стручен извештај“, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека за целосно завршување на проектот потребно е да се изведат завршни градежно-занаетчиски работи (дрвен под, акустични ѕидни облоги, опремување на просторот со мебел и опрема како и санација на платото на објектот).

„За комплетирање на просторот наменет за потребите на Џез-оркестарот, Министерството за култура и туризам во ребалансот на буџетот предвиде дополнителни средства за целосна реализација на проектот и пуштање на објектот во употреба“, вели Министерството.

Станува збор за простор од околу 500 квадратни метри, каде ќе има простории за работа на оркестарот, простории за проби, магацин за инструменти, канцеларии за администрација, студио за снимање и режија.

Проектот е вреден 10 милиони денари (над 160.000 евра).

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обидот за атентат на Трамп менува сè

Следно

ШОКАНТНО: АНГЛИЧАНИТЕ СЕ СТЕПАА МЕЃУ СЕБЕ ПО ПОРАЗОТ ВО ФИНАЛЕТО – неверојатни снимки кружат по социјалните мрежи (ВИДЕО)

Latest from Blog

Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп

Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули. Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат,

Ново поскапување на горивата: Дизелот од утре 98, бензинот 91,50 денари

Цените на горивата од полноќ повторно се зголемуваат. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек растат за 4,85 отсто во однос на претходната одлука.

Општина Прилеп: 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

Општина Прилеп со особено задоволство ја поддржува 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026, манифестација која годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. Колонијата претставува

Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!

ФОТО:facebook.com/scotlandnationalteam Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на
Go toTop