Обидот за атентат на Трамп менува сè

July 15, 2024
1 min read

Обидот за атентат врз поранешниот американски претседател на вчерашниот митинг само ја надополнува и онака нестабилната и непредвидливата кампања, преплетена со набиена реторика и радикализирани ставови.

Таа исто така неповратно го менува политичкиот пејзаж во корист на Трамп пред ноемвриските избори.

Тој не само што го преживеа истрелот кој го закачи неговото уво – и сега закрепнува на неговиот голф терен во Њу Џерси – туку и наративот што тој го создава сите овие години дека сите сакаат да го елиминираат одеднаш е валидиран кога по неколку минути од почетокот на говорот стрелецот отвори оган кон 78-годишниот републикански претседателски кандидат.

За легиите МАГА следбеници, ова го прави него уште поголема жртва на каузата, Трамп како човекот што секогаш преживува. Еден од неговите следбеници од републиканската партија го нарече незапирлив. Неговата кампања брзо испрати порака во која го цитира Трамп како изјавува „Никогаш нема да се предадам.“

Во меѓувреме Демократите се во хаос како што претседателот Џо Бајден, тврдоглаво се држи до својата номинација и покрај тоа што сомнежите за неговата возраст и менталната чистина со недели го обиколуваат, а повиците за повлекување полека се зголемуваат.

Тој до сега е симнат од насловните страници, но ако во нешто е уште послаб тоа е контролата на настаните. И тоа е длабоко загрижувачко за западните демократии кои гледаат кон лидерот на слободниот свет за знак на поредок и чистина.

Наместо тоа остатокот од светот исто така искусува поларизација во политиката и она што може да се случи во длабоко поделено општество кога политичкиот дискурс е испреплетен со претерувања и лаги кои се засилени преку социјалните медиуми.

Од Азија до Европа и Јужна Америка, изминатите неколку години беа обележани со обиди за атентат против голем број високи политички лидери сред бел ден.

Во мај словачкиот премиер Роберт Фико, од блиску беше застрелан четири пати. Тој преживеа и брзо го искористи обидот за атентат за засилување на нападите на медиумите, обвинителите и опозицијата. Ако ништо друго, тоа се претвори во одмазда против неговите непријатели.

А за тоа како вчерашните настани може да се одразат во САД, човек треба само да се врати на 2018 и преседанот со бразилскиот претседател Болсонаро, кој е речиси латинскоамериканска верзија на Трамп.

Крајно десничарскиот лидер беше прободен во стомак за време на кампањата на еден месец пред изборите. Ова беше моментот што ја размрда неговата база и го донесе на власт.

Вчера Болсонаро веднаш на Твитер му испрати порака на Трамп „се гледаме на инаугурацијата.“

Флавиа Круз-Џексон
Блумберг

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Агелер: САД се тука да ја поддржат земјата, а не да се мешаат

Следно

ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД ИЗГРАДБАТА НА СЕДИШТЕТО НА ЏЕЗ-ОРКЕСТАРОТ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВЕЛИ ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ ЌЕ ИМА ПАРИ И СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop